Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Полска: Измами насмевка на детското лице – лесно е!

Tомек (24 години) и Вероника (18) отсекогаш биле волонтери-ентузијасти. И покрај тоа што се млади, секогаш помагале во болниците, работеле со лицата со инвалидитет и организирале разни добротворни настани. Tомек дури и го создаде блогот [полски], на кој информира за тоа како, каде и кому можете да му помогнете ако сте заинтересирани за волонтерска работа.

Минатата година овие двајца млади се здружија за да започнат со Dream Mail [полски], добротворна кампања, која ја промовира иницијативата да се пишуваат писма и разгледници за сериозно болните деца. Идејата е прилично едноставна: фотографии на децата и приказната за  нивната болест се објавуваат на веб-страната [полски] со податоци за контакт. Се што треба да направите е да земете пенкало и да им напишете неколку збора. Тоа може да изгледа како мала и безначајна работа, но за овие деца, кој најчесто се затворени дома 24 часа секој ден, разгледницата може да биде најубавото нешто. Постојат многу добродушни луѓе во светот, па ајде да им подариме насмевка на дечињата и да им помогнеме да заборават на болката и страдањето, барем само за неколку минути.

На веб-страницата [полски] може да оставите коментари под профилите на децата и многу од коментарите доаѓаат од самите деца или од нивните родители и членови на нивните семејства, кои се заблагодаруваат за разгледниците, за писмата и пакетите кои доаѓаат дури од Азија и Австралија.

Наталија [полски], која има 11 години и боледува од цистична фиброза, напиша на својот профил:

Уморна сум, така што е време да се оди в кревет, но ако можам ќе ја посетам страницата и утре. Ќе ги испратам моите насмевки и како и секоја вечер ќе се молам за да му се заблагодарам на Бога за сите вас … Добра ноќ, мои пријатели.

Во една статија во еден дневен весник [полски], мајката на Наталија напиша:

Dream Mail ја измени нашата ќерка. Доби многу убави писма, подароци, фотографии и се запозна со многу нови пријатели. Се ова ја направи посреќна и многу потрпелива за време на терапијата.

Кампањата имаше голем успех и вклучи не само поединци, туку и образовни институции, со над двесте училишта и градинки кои во моментов се активни. Некои деца добиле дури и 400 писма и разгледници. Тоа е еднакво на илјадници насмевки и доказ дека во животот се важни малите нешта.

Можете да го посетите Dream mail на www.marzycielskapoczta.pl или да им се придружите на Facebook.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.