Македонија: Издавач на независни весници најден мртов

Никола Младенов, издавач и уредник на Фокус (1964-2013)

Никола Младенов (1964-2013): „Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина на безрбетници. И тука – нема компромис!“

Телото на Никола Младенов, издавач и уредник на независните неделник и дневен весник „Фокус“ било извлечено од кршот на неговото возило најден близу до автопатот на влез на Скопје на 27 март.

Според новинските извештаи, Младенов умрел околу 12 часа претходно, а бил пронајден преку геолокација на неговиот мобилен телефон откако семејството пријавило дека е исчзнат. Весниците на Младенов во често ја испитуваа политичката корупција и беа последните печатени медиуми во Македонија кои отворено ја критикуваа власта. Погребот е денес, а почитувачите на делото на Младенов палеа свеќи на Камениот Мост во Скопје во текот на ноќта. Корисниците на социјални медиуми (#НиколаМладенов) изразуваа разочарување и ја оплакуваа состојбата со слобода на говор во Македонија споделувајќи негови цитати, линкови до репринти на неговиот напис од 2011 година „Колку чини слободата“, неговата последна колумна (објавена во петокот за контроверзите пред локалните избори во недела) и изрази на почит од колегите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.