23 Април е Светскиот ден на книгата организиран од УНЕСКО – и покрај тоа што тимот на Global Voices сака блогови, не значи дека ги имаме заборавено другите форми на пишаниот збор! Всушност, бидејќи мислиме дека читањето литература е многу добар начин да се научи за некоја култура, имаме интересен предизвик за сите придонесувачи и читатели на Global Voices, како и за блогерите насекаде.
Предизвикот на Global Voices е:
2) Околу 23 април напишете блог пост за книгата
Доколку сакате да дознаете што да читате од Виетнам, Боливија, Мозамбик или Нов Зеланд или било која друга држава, само прашајте во делот за коментари! Некој сигурно ќе ви даде предлог.
Доколку имате предлог за некоја книга која мора да се прочита од вашата земја, исто така оставете коментар подолу.
Откако ќе ја прочитате вашата книга (и напишете пост!) известете не – би сакале да дознаеме што сте научиле од вашата книжевна експедиција.
Слободно користете ги фотографиите од овој пост за да ја раширите информацијата за Предизвикот на Global Voices да се прочита книга!