Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Казахстан: Поплава уби 47 луѓе и остави илјадници бездомници

По попуштањето на две брани во Казахстан во четвртокот и петокот, илјадници луѓе се раселени од загрозените области. Трагедијата се случи во областа на Аксуиску, северно од Алмати, главниот трговски град на земјата.КЗ блогот известува:

Во четвртокот, во регионот Караталски во провинцијата Алмати, една брана беше разрушена по топењето на снегот. Во тој момент 820 лица беа сместени во училишната зграда во близина. Во петокот уште една брана попушти во водениот резервоар во регионот на Aксуиску. Поплавата уништи едно село со 3.000 жители, Kузул-Агаш. Многумина успеаја да избегаат на време, но не сите.

За време на викендот, бројот на мртвите се зголеми од 20 на 35, но сè уште имаше исчезнати. Во понеделникот бројот на жртвите се искачи на 47. Претседателот Н. Назарбаев му наложи на јавниот обвинител да поведе кривична постапка против сопственикот на пукнатиот воден резервоар „Кузул-Агаш“. Како што се објави во јавноста по поплавите и акумулацијата и браната биле во приватна сопственост.

Lord-Fame ѝ посвети најмногу простор на приказната:

Надојде премногу вода. Бевме предупредени, моравме да се подготвиме. Во еден часот по полноќ, полицијата пристигна во соседното село Талди-Корган [гратче во регионот Алмати], принудувајќи го населението да се евакуира. Всушност тоа беше вистинскиот чекор.

Во Kузул-Агаш, функционер на локалната полиција ги посети сопствениците на куќите, предупредувајќи дека браната не може да издржат толкава количина вода. Луѓето почнаа да ги селат жените и децата во околните населени места. Во вечерните часови пристигнал и шефот на локалната самоуправа, кој во обид да ја смири паниката, ги уверувал луѓето дека сè е под контрола. Тие му поверувале. Многу од оние кои му поверувале сега се мртви […]Еве како сега изгледа она што некогаш беше просперитетното Кузул-Агаш:

Браната попуштила поради надојдената вода и топењето на снегот. Телефоните не работат. Водата, исто така, го уништи мостот во Kузул-Агаш, еден од главните мостови кои го поврзуваат автопатот север-југ. Lord-Fame продолжува (руски):

Жителите на едно друго село во долината, Eген-Су, беа евакуирани однапред, но стоката масовно умира […].Би можела се спречи трагедија во Кузул-Агаш ако властите имале организиран систем за следење и рано предупредување. Шефот на локалната самоуправа имаше страв од панични реакции… не се плашеше од жртви?

Мнозинството од внатрешно раселените лица кои во моментов се сместени во бараки, училишта и на железничката станица во Tалду-Курган. Локалната телевизија објавува повик до граѓаните за собирање на храна и облека.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.