Колумната на долгогодишниот колумнист на Њујорк Тајмс, Николас Кристоф, денес ја разбранува Твитосферата. Колумната насловена “Дали исламот претставува проблем?“, разгледува неколку различни фактори кои можеби довеле до она што Кристоф го нарекува “заостанатост” во арапскиот свет.
Колумната разгоре гнев на Твитер, каде поединци од целиот свет ја искажуваат својата лутина кон Кристоф и Њујорк Тајмс воопшто. @avinunu го резимира проблемот:
Колумнистот Ник Кристоф користи зборови како “заостанатост” за да ги опише Арапите, а притоа не би се осмелил да го искористи за некоја друга нација.
Тој продолжува:
Статистиките за здравјето, образованието и финансиската состојба на црнците прилично заостануваат зад оние на белците во Америка @NickKristof. Дали ова се случува поради тоа што црнците се „заостанати“ ?
Потоа, повикувајќи се на големото искуство на Кристоф во известувањето за Африка, тој додава:
Дозволете ми да ве прашам нешто, @NickKristof, дали некогаш сте го употребиле зборот „заостанатост“ за да ја опишете Африка?
Откако Кристоф самиот твитна: „Се извинувам на оние кои ги навредив со насловот на мојата колумна за исламската религија, но тоа е она што го мислат луѓето, а имаме и нов доказ за тоа,” @sickjew прашува:
Дали мислите дека @NickKristof би напишал колумна насловена, „Дали еврејството претставува проблем?“… Тоа е она што „луѓето го мислат.“
Други знаци
Други пак на Твитер се загрижени за насловот на колумната (во кој се прашува дали исламот претставува проблем), предочувајќи други видливи фактори. @cellabiao посочува на поддршката од Америка на диктаторскиот режим на Средниот Исток:
@NickKristof, светот многу добро знае дека Америка ги финансира овие одвратни диктатори и сите ги поздравуваат овие бунтови. Па, време е да го сфатите укажаниот знак.
Како одговор на уште еден твит на Кристоф („@Soraal: Секако дека Средниот Исток е неразвиен. Видете го степенот на писменост, улогата на женската работна сила и политичките системи. Прашањето е зошто?!“), @DianaValerie го оспорува ова:
@NickKristof @Soraal, ова е многу некултурен коментар кој не ја зема во предвид нашата поддршка за диктаторите кои го спречуваат граѓанскиот развој.
Дали проблемот е во Њујорк Тајмс?
Некои забележаа дека Тајмс честопати ги исклучува другите ставови и мислења. @techsoc забележува:
@jilliancyork, нека не ти пречи тоа, Кристоф се приклучува на искрените разговори за МЕНЕ, се додека *НИЕ* се приклучуваме и се спротивставуваме кон она што е погрешно.
@humanprovince изгледа презаситен од писателите во весниците:
Америка навистина заслужува нешто подобро од лажниот, вештачки интелектуализам на Брукс, Фридман и @NickKristof: http://nyti.ms/hRkYJF
@krmaher смета дека проблемот е во рацете на уредниците:
Да бидеме искрени, остатокот од новата колумна на @NickKristof не е толку лоша, но насловот претставува пример за нееднакви стандарди. Уредниците треба да знаат подобро.
Но, @emjacobi истакнува:
@krmaher, уредниците треба да знаат подобро, дополнително со фактот дека њујоршките колумнисти самите ги пишуваат своите наслови!
Согласување со Кристоф
Иако поголем дел од разговорот на Твитер беше несогласување со Кристоф, постојат неколкумина кои мислат дека неговата колумна ја погоди целта. @walidbey вели:
@NickKristof, твојата статија во врска со исламот е многу охрабрувачка. Јас сметам дека исламскиот судски систем не соодветствува со модерните времиња. #Islam треба повторно да се пронајде себеси.
@franyafranya благо пристапува кон ова:
@NickKristof, вашите аргументи се доволно поткрепени се до „психолошкиот проблем“ – недавање поддршка; исто така, „заостанатоста“ е релативен поим.
@JeSuisBelEsprit смета дека колумната на Кристоф има поента:
@NickKristof, критичката анализа е добра за душата. Исламот сам по себе е човечки напор и како сите човечки напори „работите се распаѓаат.“