Последниве две години, женските права во Иран се многу ограничени. Некој женски активисти добија затворска казна, а магазинот Занан, водечки женски магазин, беше затворен. Многу други жени беа жртви на насилството на безбедносните сили поради начинот на кој се облекуваат.
Владата на Иран не го признава 8 Март како интернационален ден на жените и не постои официјална прослава.
И покрај тешката состојба , иранските жени го продолжуваат својот напредок во многу сфери и постојат активисти кои ги поддржуваат затворените жени активисти.
Пред неколку месеци, Касоф, водечки фото блогер, објави неколку фотографии од солидарниот штрајк на жените за две притворени активистки. Неколку блогери, мажи и жени, го паметат овој ден и ги споделуваат своите мислења и чувства за жените во иранското општество.
Асиех Амини, активист за еднакви права на жените, вели [FA] дека 8 Март е ден за протест за било каква полова дискриминација.
Фрикиборд вели дека 8 Март го натерал да ги спореди своите соништа со реалноста. Тој вели:
Не е ова мој 8 Март. Во мојот 8 Март луѓето ќе бидат среќни и ќе танцуваат на улиците. На 8 Март ќе нема разлики помеѓу мажот и жената, сите луѓе се еднакви бидејќи се човечки суштества. 8-миот Март кој јас го сакам, не постојат полицајци. Мажите и жените се среќни и танцуваат. Ниедна жена не извикува дека сака еднакви права… овој 8 Март не е тука, туку е во моите мисли, во моите соништа.
Блогерот додава дека во неговиот 8 Март жените не се испраќаат во затвор бидејќи ги замолиле луѓето да потпишат петиција за еднакви права на мажите и жените.
Асоцијацијата за иранските блогери, Пенлог, вели [Fa] во изјава дека иранските жени се третирани како граѓани од втор ред од страна на исламските републички закони. Покрај сите дискриминации и притисоци, иранските жени го продолжуваат своето присуство во сите професионални полиња.
З8ун објави неколку фотографии од жени кои работат.
Меријам Мајд, блогер и фотограф, исто така објави неколку фотографии од ирански жени вклучени во различни спортови. Таа покажа и друг сет од фотографии од ирански жени активисти и нивните проблеми. Сликите може да ги погледнете тука.