Полска: Онлајн борба против рак

Ленка е весело 5-годишно девојче, а Паула, која е во нејзините рани 20ти години, е студентка по внатрешен ентерирер. Не би помислиле дека тие можат да имаат нешто заедничко, но имаат. И двете имаат рак и блогови каде што ја опишуваат својата борба со болеста.

Овие блогови се добри примери за тоа како денес се развива блогосферата. Тие докажуваат дека не е неопходно блогот да преставува само онлајн дневник: тој може да постане многу моќна алатка.

Паула

Во еден од нејзините први постови Паула го опишува моментот кога ѝ била дијагностицирана потенцијално смртоносната болест:

Се почувствував како некој да ме удри со тава по лице.

Потоа опишува како се чувствувала кога разбрала дека нејзината дијагноза, не мора да значи и крај:

Тоа беше како искра. Искра надеж и волја за борба. Нешто кое ме натера да верувам дека наспроти тоа што се случуваше, јас би можела да живеам долг живот и моето тело може да се избори со секаква болест, без разлика колку е смртоносна.

Паула

Паула

Паула

Паула

Произлегло дека Паула има многу редок вид на рак и наскоро по операцијата ѝ било кажано дека не постои некој утврден лек, кој би можел да и помогне. „Вие имате малиген тумор и ние не знаеме како да го лекуваме“ – рекле полските доктори, кревајќи ги рацете нагоре. За среќа, сестрата на Паула дознала за клиника во Бостон, каде што биле успешно излечени пациентите кои го имале истиот проблем. Паула воспоставила контакт со американската болница и наскоро потоа добила покана за консултација. Докторите со задоволство сакале да започнат со третманот, но единствен проблем била неговата цена – вртоглави 250,000 долари. Но, Паула не се откажала во тој момент. Таа започнала да го користи нејзиниот блог како апел за финансиска помош. Благодарение на дарежливоста на нејзините читатели и другите блогери кои поставиле линк до блогот на Паула, парите брзо се собирале и во Август минатата година, Паула заминала во САД за да прави операција.

Денеска таа сè уште има многубројни тумори во нејзините бели дробови и ѝ е потребен подолг третман, но таа останува позитивна и оптимистички гледа кон иднината. Во интервју за полското издание на весникот Newsweek, ѝ било поставено прашањето дали е сè уште исплашена. Таа рекла:

Да, но кога сум исплашена, размислувам за моето враќање од Бостон. Моите пријатели ме чекаат на аеродромот. Тие се сите среќни, скокаат и ми мавтаат. Тоа е знак дека се поминало добро. Решив дека ќе живеам и ќе се држам до таа одлука.

Ленка

Паула можеби никогаш немаше да го започне нејзиниот блог, ако не била малата Ленка и блогот пишуван од нејзините родители, што ја инспирирало Паула да пишува за ракот.

На Ленка ѝ била дијагностицирана леукемија минатиот април, набрзо по нејзиниот 4ти роденден. Аниа и Енди, нејзините родители, решиле да направат блог бидејќи не можеле да продолжат да ги информираат пријателите и семејството за состојбата на Ленка. Тие наскоро сфатиле дека пишувањето е форма на емоционално прочистување. Блогот на Ленка има многу обожувачи кои оставаат коментари на постовите, со цел да им дадат утеха и поддршка на малечкото девојче и нејзините родители.

Ајде да стискаме палци. На Лена мора да ѝ стане подобро. Мора!!! Не постои друга опција и вие, нејзините родители, останете силни. Вие сте одлично семејство!!

Се надевам дека сонцето повторно ќе светне за ова мало девојче, а и за вас исто… Не заборавајте дека секогаш треба да се надевате и да верувате. Таа личи на мал ангел. Се надевам дека ќе биде здрава. Ќе се молам за неа. Стискам палци.

Родителите велат дека, коментарите се тие кои што им помагаат да опстанат и ги мотивираат да продолжат со пишување. Состојбата на Ленка малку се подобрила во последно време и сега таа чека да се подобрат временските услови, за да ја однесат нејзините родители на одамна ветениот сладолед.

Блоговите на Лена и Паула беа вклучени во натпреварот Блог на годината 2009 и благодарение на гласовите од нивните читатели и двата стигнаа до финалето.

Доколку сакате да ги поддржите Паула или Ленка, посетете ги нивните блогови на:

paulapruska.blogspot.com

dlalenki.blogspot.com

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.