Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

7 март: Денот кога Махатма Ганди проповедаше ненасилна револуција во Мјанмар

Фотографија од последната средба помеѓу У Ну и Махатма Ганди, направена на 4 декември 1947 во Бирла Хаус во Делхи, Индија. Фотографија и текст на „Д Иравади“.

Овој напис на Веи Јан е од „Д Иравади“, независен новински портал од Мјанмар, и е реобјавен на „Глобал војсис“ како дел од договор за споделување содржини.

Махатма Ганди, лидерот на индиското движење за независност од британското колонијално владеење, пристигна во Мјанмар на 7 март 1929 за да собере донации од Индијци за Здружението на ткајачи на Индија и да ги сподели своите искуства со жителите на Бурма.

Тој се обрати на присутните во Јубилејната сала и плоштадот Фитчи (сега паркот Махабандула) во Јангон. Тој оствари разговори со будистичките монаси од пагодата Шведагон:

I am glad to find you telling me that the hponegyis (Buddhist monks) are leading the political movement in Burma, but you have a serious responsibility upon your shoulders when you undertake leading a political battle.

History shows that the clergy has not always interfered with the political matters to the benefit of mankind. Very often unworthy ambition has moved the clergy of the world as it has moved unscrupulous men to take part in politics, and if now you hponegyis aspire to lead the political movement of this, one of the fairest lands on the face of the earth, you are shouldering a tremendous responsibility.

Мило ми е што Ве слушам за хпонегите (будистички монаси) кои водат политичко движење во Бурма, но имате сериозна одговорност пред Вас која ја преземате при водењето политичка битка.

Историјата покажува дека свештенството не секогаш се меша во политичките работи во име на човештвото. Многу често, недостојната амбиција го придвижила свештенството на светот како што ги придвижила бескрупулозните луѓе да влезат во политиката, а ако Вие хпонегите се стремите да водите политичко движење на оваа, една од најправичните земји на лицето на земјата, тогаш Вие сносите огромна одговорност.

За време на својата двонеделна посета тој посети неколку градови во централен и долен Мјанмар. Во Мандалеј, тој рече:

In India it is a common saying that the way to swaraj (which means independence for India) is through Mandalay. The British government has taught you too a great lesson by incarcerating one of India’s great sons here.

The way to swaraj is the way of suffering—indeed no country has come to its own without suffering.

Во Индија често се вели дека патот до свараџ (што значи незавнисност за Индија) е преку Мандалеј. Британската влада Ве има научено огромна лекција со тоа што овде го затвори едниот од најголемите синови на Индија.

Патот до свараџ е патот на страдањето – навистина ниту една земја нема дојдено на своето без страдање.

Индискиот политички лидер Субхас Чандра Босе беше затворен во октомври 1924 и одлежа две години во Мандалеј заради неговата непослушност кон колонијалното владеење. За време на оваа посета, Ганди изјави:

I have no other and no better guidance to offer to you than to commend to your attention the general principle of non-violence, in other words, self-purification.

Немам друга и подобра насока да Ви понудам освен да Ви честитам за Вашето придржување кон принципот на ненасилство, со други зборови, самопрочистување.

Тој ја заврши неговата трета посета на Мјанмар на 24 март. Пред посетата во 1929, тој го посети Мјанмар во 1902 и 1915.

Гандиевото проповедање ненасилство влијаеше врз борбата за демократија на бурманската државна канцеларка Дав Аун Сан Су Чи. Салата и болницата кои го носат името на Ганди станаа значајни места во политичките и здравствените системи на Мјанмар. У Ну, кој беше првиот премиер на Мјанмар, го посети Ганди во Њу Делхи во 1947 пред неговиот атентат наредната година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.