Повици за оставка на претседателот на Собранието во Нов Зеланд поради сексуално фијаско

New Zealand Speaker David Carter ejects female MPs

Претседателот на Собранието на Нов Зеланд, Дејвид Картер, присилно ги отстрани пратеничките од Собранието. Скриншот од ТВ „NZ“.

Претседателот на Собранието на Нов Зеланд, Дејвид Картер, предизвика остри реакции откако исфрли од неколку пратенички од седница на Собранието кои се обидуваа да соопштат дека тие биле жртви на сексуално насилство.

Овој судир следи по нападот на премиерот Џон Киј врз членови на опозицијата дека тие „ги поддржуваат силувачите“ во контекст на контроверзното приведување на граѓани на Нов Зеланд во Австралија. Тие сѐ уште чекаат на жалбите за нивната депортација, кои се однесуваат на оние кои имале намера да останат во државата повеќе од една година.

Премиерот инсистираше на тоа дека мнозинството граѓани на Нов Зеланд кои се задржани во Австралија се осудени за убиство и силување.

Некои пратенички беа навредени од забелешките на премиерот и побараа извинување од лидерот. Некои од нив се обидоа да сведочат дека биле жртви на сексуално насилство, но беа спречени од претседателот на Собранието.

Ако се прашувате зошто жртвите на сексуално насилство ретко се обраќаат јавно, само забележете како спикерот Картер постапи со оние кои го сторија тоа

– Филип Фиерлингер (@skyrize) 11 ноември, 2015

Пол Вилијамс пренесе чувства кои широко се споделуваа под твитер хаштагот #SacktheSpeaker (#ОтказЗаСпикерот):

Ми се гади од нашата влада во моментов https://t.co/aejQLA4Q6h #отказзаспикерот

– Пол Вилијамс (@paulwilliamsnz) 11 ноември, 2015

Многумина се загрижени што важноста на прашањето за сексуалното насилство се намалува поради тоа што се користи за политички поени:

Лесно е да се претстави силувањето како нешто неважно, обелоденувањето е сто пати потешко #ОтказЗаСпикерот #ОдговорностЗаКиј

–  rediscoveringcabot (@anderson_rosie) 11 ноември, 2015

Елени Грејс се согласува, споделувајќи видео на „Greens Party“ (Партијата на Зелените) од обидот за сведочење во собранието.

Силувањето не е нешто што треба да се смета за неважно #1од4 жени @JohnKeyPM се чини дека Ви треба потсетување #отказзаспикерот https://t.co/Ya8QBqHBa1

– Елени Грејс (@this_isnt_eleni) 11 ноември, 2015

Спикерот Дејвид Картер има и свои поддржувачи и некои од нив го ставаат под знак прашалник интегритетот на оние кои изразуваат револт за инцидентот:

Изморен сум од лажни револти, пратеници како дофрлаат на други пратеници на пат кон собранието, недолични однесувања и напуштање седници #nzqt

– Џејмс Халкроу (@JimmyHalcrow) 11 ноември, 2015

Алан Бакстон не се воздржува во неговата критика:

Оние пратеници кои ги презентираа точките само за да бидат исфрлени не се ништо повеќе од ѓубре. #NZQT. Знам дека звучи грубо но тоа е факт IMHO (мое искрено мислење)

– Алан Бакстон (@RamjamNZ) 11 ноември, 2015

Судејќи по корисничкото име, „ArrestJK“ не е пријател на премиерот Киј и би сакал да види друга форма на аплицирана демократија:

Сега кога се чини дека #nzqt  е реално шоу со топ рејтинг, можеме ли да гласаме кои луѓе да го напуштат? Џон Киј или Дејвид картер тежок избор #nzpol

– ArrestJK (@ArrestJK) 12 ноември, 2015

Метју Код предлага уште покреативно решение:

Лансирајте ги Џон Киј и Дејвид Картер во сонцето.

– Метју Код (@MC_Odd) 12 ноември, 2015

Сепак, со сигурност можеме да кажеме дека претседателот на Собранието на Нов Зеланд ретко го достигнува националниот „трендинг“ момент:

Дејвид Картер моментално е топ трендинг во Нов Зеланд. Посетете ја страницата https://t.co/MSDhFJQIZV за Топ видеа во вашата околина pic.twitter.com/zwMMbKcfkH

– ТрендовиВоНовЗеланд (@newzealandtrenz) 11 ноември, 2015

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.