Последниот состанок за преговори за Трговски договор против фалсификување (Anti-Counterfeiting Trade Agreement – ACTA) предизвика протести кај онлајн заедниците против неговата содржина и последиците од нивните преговори. Главната цел на договорот, кој моментално вклучува 11 земји, е директно да се бори со пиратството на интернет преку креирање на легална рамка, со која ќе се зајакне заштитата на интелектуалната сопственост во секоја земја.
Оние зад договорот ги потенцираат потребите за борба против сите форми на пиратство на интелектуалната сопственост. Twitter корисникот Жуан Џосе Бурсига (@jjbfigueroa) се согласува со основните причини за договорот, но не по секоја цена.
La piratería es un cancer contra el cual debemos de luchar, pero no pisoteando las garantias individuales de las personas #ACTA #OPENACTA
Поради ова, многу луѓе се загрижени за тоа дали нивните податоци ќе останат приватни доколку интернет провајдерите се присилени да ги овозможат тие информации и дали казните ќе бидат многу строги. Како дополнување, има многу дискусии за начинот на изведување на преговорите, бидејќи агендата и напредокот на секој состанок беа регулирани со доверливи каузи.
Моментално, земји кои се вклучени во преговорите се Австралија, Канада, членките на Европската Унија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Мароко, Нов Зеланд, Сингапур, Швајцарија и Соединетите држави. Неодамна, таен документ кој се појави во јавноста, откри детали за мерките на принуда кои ќе се имплементираат во неколку од земјите: мерки за анти-заобиколување посилни од DMCA, известувања за симнување, нацрт за одговорности на интернет провајдерите и правилото на три опомени, кое ќе му дозволи на секој интернет провајдер да го исклучи корисникот од интернет.
Повици за поголема транспарентност
Михаел Геист, професор на Универзитетот на Отава и еден од лидерите против ACTA, понуди неофицијално резиме од седумте состаноци, кои се случија за време на последните денови од јануари во Гуадалајара, Мексико, и ставовите на некои земји за транспарентноста. Може да ги следите дискусиите за ACTA од професорот Геист со претплатување на неговиот RSS фид за ACTA.
За време на седмиот состанок, голем дел од мексиканската онлајн заедница протестираше на Twitter со тагот #Acta и #openActa, барајќи ACTA да ја направи агендата јавна и документите за договорот да бидат достапни за јавно набљудување.
По движењето #InternetNecesario, кое го бранеше интернетот да не биде оданочуван од мексиканската Влада, дијалогот помеѓу Twitter корисниците и надлежните органи беше подиректен и вклучуваше учесници како претседателот на Комисијата за наука и технологија на Сенатот, Хавиер Кастелон, кој преку Twitter побара за транспарентност на договорот [шпански], бидејќи преговорите се случуваа во неговата земја:
Informo al grupo de las negociaciones de ACTA y de la demanda de mayor transparencia e informacion al senado. Manifiestan interes
Важен дел од протестот беше спроведен преку Open Acta [шпански], веб-страницата [шпански] и Twitter [шпански], чија цел е документите за договорот да бидат јавно достапни [шпански] „за да може да се случи јавна и демократска дискусија за неговата содржина“. Својата активност ја започна пред 2 години кога мексиканскиот Институт за индустриска сопственост [шпански] (IMPI, на шпански) во однос на ACTA [шпански] најави дека ќе се приклучи во ACTA преговорите прашувајќи ги граѓаните да ги испратат своите предлози за договорот.
Еден граѓанин кој го даде својот фидбек, беше Twitter корисникот, Гералдин Јуарез, претставник од граѓанската организација Мексиканската пиратска партија [шпански] и позната на Twitter како Miss Pirata (сега офлајн), која сподели приказна за тоа како се обидела да се вклучи преку придонес со инпут до IMPI. Таа напиша за средбата со IMPI и како таа протестирала и веднаш заминала откако и била кажано да не твита за состанокот::
Me salí, enojada sí. Pero también me quedó claro que esto es un asunto serio en el cuál la autoridad apoya a la industria públicamente y que no esta dispuesta a ceder por una ciudadana con una postura que disiente completamente, no solo en cuanto al proceso de negociación del ACTA, sino de la penosa injerencia de la industria del entretenimiento en para controlar la libertad de mi país y en mi mundo: Internet.
Да, заминав лута. Но, беше исто така јасно дека ова е сериозна ситуација каде надлежните органи отворено ја поддржуваат индустријата, но не се желни да признаат за спротивставувањето од граѓаните, не само за процесот на преговори за ACTA, туку и за бесрамното вмешување на забавната индустрија со цел да ја контролира слободата на мојата земја и мојот свет: интернетот.
За седмиот состанок, Open Acta повика на праќање имејли до Сенатот [шпански] за „да се побара транспарентност, права и слобода и почит на фундаменталните принципи на интернетот“.
Можни нови легални рамки
Постојат и други загрижености за договорот. Елејандро Писанту, еден од лидерите на движењето #InternetNecesario, коментираше на својот блог за последиците од ACTA [шпански] на легалните структури во секоја од земјите:
En lo que se sabe, de manera parcial, extraoficial e informal, hay bases para temer que ACTA pueda llevar a la necesidad de que algunos países creen legislación nueva (por ejemplo, un país puede tener que crear legislación, ahora inexistente allí, que permita la persecución de la piratería como un delito, persecución ex-officio cuando ahora sólo es mediante acusación), a aplicaciones draconianas de la legislación existente, a la supresión o debilitamiento de la presunción de inocencia, y a la creación de un ambiente poco conducente al acceso al conocimiento, a compartirlo y a la creación colectiva de nuevos arte, ciencia, reflexión y conocimiento. No es posible en este momento confirmar o desmentir con base en documentos oficiales que esto ocurra, ni lo contrario. El tema requiere vigilancia constante.
Заштита на корисничките податоци и големи казни
Друг дел од дискусијата е пристапот до сензитивни информации за интернет корисниците, како што е истакнато во еден од документите кои се појавија во јавноста. Меѓутоа, AMIPCI јавно одби [шпански] дека ќе се присилат интернет провајдерите да споделуваат приватни податоци за корисниците кои се осомничени за нелегални активности.
Исто така постојат извештаи дека постои предлог да се имплементира политика за три опомени за секој корисник кој се вклучува во нелегално споделување на фајлови. Казната за ова е исклучување од нивниот интернет провајдер. Кори Доктороу, блогер и новинар, наведува во ова видео (достапно на англиски, француски и италијански) дека интернетот има премногу важна улога во нашите животи за да биде одземен поради три непочитувања на копирајт.
Осмиот состанок за преговори ќе биде одржан во Нов Зеланд, во април 2010. Различни организации како EFF, Reporters without borders (Известувачи без граници) и IP Watch, се загрижени за иднината на интернетот, недостигот на транспарентност и отвореност, којшто треба да бидат имплементирани од примерни демократии во светот, како земјите вклучени во преговорите. Од друга страна, граѓаните бараат од нивните надлежните органи транспарентност и пристап до преговорите и јавни консултации, преку состаноци на различни локации, блогирање-твитање на различни јазици и споделување на документи и загрижености преку интернетот.