Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Чиле: Страв од цунами на Велигденскиот остров

Велигденскиот остров е добро познат по своите полинезиски величествени статуи, кои ги привлекуваат туристите од целиот свет. Чилеанската територија, исто така позната и под името Рапа Нуи, лежи на 3500 км западно од јужноамериканскиот континент и има постојана популација од приближно 5000 жители. Како последица од земјотресот кој се случи на 27ми февруари, кај локалните жители и туристите постои голема загриженост поради предупредувањето за појава на цунами.

Мексиканецот Хозе Алберто Кастро (@elgueromex) беше во посета на Велигденскиот остров кога удрил земјотресот и кога беше објавено предупредувањето за цунами. Тој го употреби Twitter за да добие информации за случувањата во земјата и за да ги извести пријателите за тековната ситуација.

Parece ser que nos van a evacuar están esperando olas muy grandes hay les aviso

Изгледа дека ќе не евакуираат, се очекуваат големи бранови, ќе ве известам.

На жителите и туристите им било наредено да ги напуштат крајбрежните подрачја и тие биле преместени на повисоки места. Кога стравот од цунами поминал, без некоја посериозна штета, Хозе направил фотографија од полната месечина над островот и напишал: „денес, после толку големата неизвесност, Рапа Нуи ни ја подари оваа месечина“.

Братот на Хозе, Луис Тапија (@cuatrodjspro) бил на Велигденскиот остров кога удрил земјотресот. Тапиjа отворил профил на Twitter веднаш по завршувањето на земјотресот, за да размени информации во врска со случувањата на Велигденскиот остров. Откако му телефонирал на брат му, тој ги споделил информациите кои ги собрал:

acabo de hablar cn mi hermano en isla de pascua y esta todo normal, segun ellos no habra vuelos en los proximos 5 dias

Штотуку разговарав по телефон со брат ми, кој е на Велигденскиот остров и вели дека сè е во нормала и според присутните таму, нема да има летови во текот на наредните 5 дена.

en isla de pascua hubo un tsunami de caracter leve en el sector de tongariki alrededor de las 9 de la mañana ningun daño ni heridos

На Велигденскиот остров, имаше слабо цунами во областа на Тонгарики, во околу 9 часот наутро, но помина без штети или повреди.

Алехандро Туки (@JanoTC) исто така отворил Twitter профил после земјотресот. Тој ја направил оваа фотографија на Велигденскиот остров, на која е прикажан срушен ѕид од камења од бранови предизвикани од земјотресот, во ненаселено место:

Фотографија од срушениот ѕид од камења на Велигденскиот остров, направена од Алехандро Туки

Фотографија од срушениот ѕид од камења на Велигденскиот остров, направена од Алехандро Туки

Друг Чилеанец кој бил на островот кога било најавено предупредувањето за цунами, е Даниел Совино (@dsavino), кој исто така напишал дека сé е во ред, но сепак постои знак за опасност:

todo bien por aca, aparte del susto de despertar con evacuacion de tsunami, la sacamos mas barata que el continente….

Сè е во ред тука, освен стравот од будење поради евакуација од цунами, ние поминавме полесно отколку континентот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.