На некои Мароканци им е преку глава од третманот на Холивуд

The Aït Benhaddou in Morocco has appeared in many Hollywood movies. Photo by Jerzy Strzelecki. CC BY 3.0

“Aït Benhaddou“ во Мароко е присутно во многу холивудски филмови. Фотографија на Јерзи Стрзелецки. CC BY 3.0

Овој напис на Џејк Варга првично е објавен на PRI.org на 22 мај 2016, и е реобјавен тука како дел од договор за споделување на содржини.

Мароко е многу голема филмска сцена — од песокот до градовите. Послужило како замена за Арабија во „Лоренс од Арабија“, Абу Даби во „Сексот и градот 2“, Египет во „Злобната мумија“ и локации од фантазијата во „Игра на тронови.“

Но ретко Мароко — е Мароко во филмовите.

Наримен Факир, филмски режисер од Мароко, беше локалниот директор за кастинг за филмот од 2014, „Американски снајпер“ (во тој филм, Мароко го заменува Ирак). „Од 100 филмови, можеби три го претставуваат Мароко“, вели таа.

Секако, вели таа, добро е за локалната економија.

„Кога работевме на ‘Black Hawk Down,’ (Падот на Црниот сокол) тие имаа 12 камери, и екипаж од 500 луѓе. Помага на начин што ако техничарите имаат работа, тие можат да ги прехранат нивните семејства“.

Но Факир не е единствена во грижата дека нејзината држава може да биде перцепирана во негативно светло.

Отман Нацири, филмски режисер од Мароко, исто така не е среќен со третманот на Холивуд. Тој смета дека американските филмски студија многу малку знаат за неговата држава. Тие само велат „OK, Мароко, каде е тоа? Северна Африка? Песок, пустина? OK, тоа е совршено. Поевтино е за нас да снимаме таму отколку пустината во Аризона и побезбедно е да снимаме таму отколку во Ирак така што тоа е најдобриот компромис.“

Ниту пак Нацири е среќен со начинот на кој е претставено, и улогите кои ги добива, локалното население во американските филмови .

„Мароканците ги „бираат“ како типичен арапски профил: терористи, лоши момци, според американскиот светоглед. Знаете, ние не сме толку далеку од Западниот светоглед од 50-тите — со добриот, лошиот и грдиот!“

Амал Идризи, професорка по право во Мароко, препознала неколку локации додека го гледал “Американски снајпер.” Ја вознемирува тоа што нејзината држава е прикажаната како земја растргната од војна, и дека филмот “прави Мароко да изгледа како било која друга држава од блискиот исток во војна, додека јас како Мароканка можам да ги разликувам вратите, можам да ги разликувам минарињата, можам да ја препознаам архитектурата и јасно да забележам дека не е уште една земја во војна од блискиот исток.”

Филмските режисери од Мароко се обидуваат да го предизвикаат терористичкото клише со извезување на нивниот поглед на државата, и граѓаните.

„Мароко продуцира некои 25 играни филмови годишно, што е апсолутно добро,“ вели Нацири. Всушност, филмови од Мароко неодамна стигнаа и до Филмскиот фестивал во Кан.

Во неговиот следен филм, Нацири се насочува кон деликатната, ретко дебатирана тема од историјата на Мароко. „[Јас] сега го подготвувам мојот втор игран филм за еманципацијата на жените во Мароко во 50-тите,“ вели тој. „Ова е многу важен поглед кон нашата историја.“

Тешко би било да се заврши приказна за филмот во Мароко без да се спомене филмот од 1942 година „Казабланка“, филм кој навистина го постави Мароко на светската кинематографска мапа.

Филм кој целосно е снимен на локација … во Бурбенк, Калифорнија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.