Нема да можете да ги прочитате овие книги, но вашите праправнуци ќе можат

Margaret Atwood, right, hands over her transcript for Future Library, a 100-year project by Scottish artist Katie Paterson, left. Credit: Katie Paterson

Маргарет Атвуд, десно, предава свој примерок за Библиотеката од иднината, 100 годишен проект на шкотската уметничка, Кејти Патерсон, лево. Заслуга: Кејти Патерсон

Овој напис и радиски извештај на Сузана Роберсон за The World за првпат  беше објавен на PRI.org на 16 јули 2015, а тука се објавува повторно како дел од договорот за споделување содржини.

Сите сме слушнале за временски капсули, но оваа е малку поинаква. Се нарекува Библиотека од иднината и е во вид на шума во Норвешка.

Функционира на следниов начин: Засадени се 1,000 дрвја во Нордмарка (што буквално значи северна земја), шума што се наоѓа во непосредна близина на Осло. Овие дрвја ќе обезбедат хартија за една посебна антологија книги која ќе се отпечати за еден век од сега. Проектот е замисла на шкотската уметничка Кејти Патерсон, која вели идејата ја добила додека си чкрткала нешто.

„Правев многу едноставен цртеж со годови (прстени) на дрво и многу брзо ја согледав поврзаноста меѓу прстените кај дрвото и поглавјата од една книга“, вели ПатерсонЗамислата на Патерсон е секоја година во наредните 100 години да кани по еден писател кој би дал свој придонес кон оваа збирка. Во мај, канадската писателка и добитничка на награда, Маргарет Атвуд беше првата која предаде свој ракопис.

„Навистина беше искушение да се држи во раце дел од нејзиното творештво што ниту јас можам да го прочитам, ниту пак ќе може да го прочита некој друг сè до тој момент во иднината“, вели Патерсон. „Но се разбира, ќе бидам принципиелна и нема да отворам ниту една единствена страница“.

Патерсон се надева дека овој проект ќе им претставува вистинско задоволство на идните генерации. Смета дека тоа ќе биде исто како да читаш стар неоткриен текст.

„Претпоставувам дека овие записи ќе содржат јасно дефинирани моменти од секоја година, без разлика дали станува збор за 2015 или 2055″, вели Патерсон. „Па сакам да си замислувам која ли ќе биде првата страница што ќе ја отвори првиот читател“.

Но тоа ќе се случи дури во 2114. Во меѓувреме Патерсон го најави вториот автор за овој проект, а тоа е британскиот писател Дејвид Мичел. А шумата во Норвешка полека си расте.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.