Србија: Реакции на информациите за српски платеници во Либија

Дневниот весник Ало прикажува фотографија од српски платеници во Либија

Дневниот весник „Ало“ прикажува фотографија од српски платеници во Либија

Нови информации (28 февруари, 2011):

Два дена откако Глобал војсис ја објави оваа информација, српското Министерство за одбрана објави изјава на 25 февруари, 2011, со која одбива сека српската војска е вклучена во граѓанските немири во Либија. Цитиран од Ројтерс, Министерот за одбрана рече:

„Ниту активни ниту пензионирани српски војници не беа вклучени во настаните во Либија и ние ги негираме сите такви приказни во медиумите.“

Меѓутоа либиската анти-владина веб страна Libya al Youm извести на 27 февруари, 2011, дека српската радио станица БИР објавила дека има авиони од Република Српска кои носат платеници за да се потиснат демонстраторите во Либија.

* * *

Според блогот Malta CC, српски воени пилоти наводно биле дел од бомбардирањето на демонстрантите во либиските градови Триполи и Бенгази. Ова тврдење беше објавено јавно откако двајца либиски пилоти слетаа во Малта, одбивајќи да ги бомбардираат нивните сограѓани, кои учествуваат во либиските бунтови.

Српскиот медиум Ало ги потсети читателите дека Муамер Гадафи има најмувано српски пилоти и претходно: во 90тите, во битка со радикалните исламисти, но исто така и во акции против цивили, како поддршка на копнените сили.

Во истиот напис, Ало открива дека српските платеници наводно убивале демонстранти на улиците во Триполи и Бенгаза:

Српските платеници заработија илјадници долари од оваа работа… Тие доаѓаат од Србија, но агенциите од Босна и Хрватска се вклучени во регрутација за ваков тип на работа… „Српските легионери“ се ветерани од конфликтите во поранешна Југославија. Како дополнување на поранешните воени и полициски сили, голем дел од овие сили се поранешните “црвени баретки“… Гадафи им плаќа онолку колку тие ќе побараат! Голем дел од нив имаат одлично платени работи во различни африкански земји, но ова беше понуда која не се одбива. Може да се очекува дека во блиска иднина многу од нашите платеници ќе одат да работат за Гадафи, кој има голема доверба во српските војници.

По се изгледа српските нетизени не се многу изненадени од овие тврдења и откритија. Форумот Крстарица е едно од местата каде има добра дебата.

Рег пишува:

Ништо чудно. Професионалците прават се за пари… Без емоции и морал… Убиваат за оној кој нуди повеќе. Во војните во поранешна Југославија они соработуваа со Хрватите, Муслиманите, па зошто сега не би соработувале со Гадафи. Нив воопшто не им е важно кој е газда.

Сицијалиа пишува:

Тоа е ОК! Гадафи секогаш бил на страна на Србите…

Соко забележува:

Изгледа он најмногу им верува на Србите… Либија не го призна Косово, па уште една причина да се поддржи Гадафи.

Неца 1977 прашува:

Како јас да станам платеник за Гадафи?

Мика Егзекутор забележува:

Босаците и Хрватите денес им наоѓаат работа на оние кои до вчера ги убиваа.

Паја 1408, српски војни офицер се сеќава:

Еј господо, што е тука чудно? Лично знам, кога бев во воено школо имаше Либијци, Ирачани, Зимбабвeјци, Палестинци… Исто така знам дека ги имаше во руските војни школи. Војните експерти на Гадафи ги ценат школите во Југославија… Во либиската војска знаеше да ги регрутира најдобрите… Многу заминуваа да им помогнат на Либијците под специјални договори… […] Лично имав можност да отидам таму и познавам многу кои отидоа…

Посетителите на ултра десничарскиот форум „Стормфронт“ исто така дискутираат за наводното учество на српските „кучиња од војната“ во Либија.

Ираклија вели:

Еве неколку работи кои ги чув од личност која служела во легијата на странци, а покасно како самостоен платеник. Еве што добивате ако сте платеник во Либија:

1. 10,000-20,000 долари месечно во кеш
2. Државјанство
3. Жена и проститутки
4. Златни медали
5. Можност за работа во обезбедувањето на Гадафи или во обезбедувањето на неговата фамилија

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.