Тринидад и Тобаго: Зборување против сексуалната злоупотреба

Случајот со 12 годишното девојче, кое неодамна се породи од нејзиниот очув во Гвајана, го натера Outlish да зборува за феминзмот, едукацијата и за секојдневната реалност на жените кои живеат на Карибите, додека пак новинарот и блогер Лиса Ален-Агустини рече дека е време да се зборува за сексуалното злоставување на децата.

Пишувајќи во Outlish, Тоња Хајнес, координатор на ЦРВЕНИОТ КОД за родова правда, зборува за нејзината иницијатива кога слушнала за веста:

Весниците напишаа дека по зафатот (царски рез) таа се одмараше комотно. Не сум сигурна што мислеа со тоа. Но, знам дека мене веста ми направи да се чувствувам некомотно.

А што за нејзиното право да живее живот без насилство? Зошто општеството ја нема заштитено од сексуално  злоставување? Зошто кога дознаа за тоа, продолжија да молчат? Што за нејзиното право за живот без насилство?

Поради тоа јас сум феминистка. Затоа што ги знам одговорите на тие прашања, и не ми се допаѓаат.

Таа смета дека проблемот не е само во сексуален контекст, објаснувајќи:

За сите обиди да ме убедат дека не постои родова нееднаквост во регионот и дека постигнавме колективен мир со другите форми на родовите, јас тоа го знам најдобро.

Јас знам дека ги гледаме децата во хиерархиски однос со возрасните. Очекуваме тие да бидат видени а не слушнати. Им го покажуваме нивното место. Ние не успеваме да ги заштитиме на масовно ниво. Колку ли се безбедни јавните места денес за девојките кои се тинејџерки? За младите геј лица, лезбејките и трансексуалците? За младите момчиња кои сакаат да се докажат во општеството? За возрасните жени кои сакаат да пешачат или да вежбаат во мир?

Поради тоа јас сум феминист. Затоа што секоја форма на нееднаквост или дискриминација треба да биде искоренета. Затоа што родовата нееднаквост ги сече другите форми на угнетување.

Да го намалиме тоа.

Само 10% од Карибијанките од 18-30 години имаат високо образование, според г-дин Хилари Беклес, директор на Универзитетот Вест Индис Кејв Хил Кампус. Додека ние се занимаваме со половите стапки на младите со универзитетско образование, забораваме на поголемиот дел на луѓето кои се од Карибите (жени и мажи) кои немаат пристап до образованието. Сега не велам дека не е битно што многу млади мажи се откажале од образованието. Тоа е важно.

Она што го велам јас е дека на нас исто така треба да зборуваме за 90% од жените и мажите кои немаат пристап. Треба да зборуваме за влезниот испит Ponzi scheme, кој е приемен испит и го полагаат поголемиот дел од децата на Карибите кога ќе наполнат 11 години. Треба всушност да зборуваме за тоа колкав дел од нив имаат пристап кон образованието на прво место.

Постот ги детализира искуствата на CatchAFyah Новата генерација на феминистичко собирање, кое неодамна се одржа во Барбадос:

Ние учиме еден од друг. Трејси Ан од Јамајка сподели дека иако нејзината мајка го подржува нејзиниот активизам за човекови права, таа ја замолила да не се појавува на телевизија и да изјавува дека е лезбејка. Сигурноста лежи во договорот со партнерот, фамилијата и општеството.

Ифасина од Белизе сподели дека поради работата на нејзината организација за заштита од ХИВ, членовите на групата биле стигматизирани дека се ХИВ позитивни. Тие опстанале поради убедувањето за важноста на нивната работа. Тие не само што беа наградени од УНАИДС за нивната работа во заедницата, но и ги придобија членовите на нивната заедница којашто сега ги бара за сексуална едукација, која ја обезбедуваат на собири и забави.

Овие секојдневни акти на храброст го претставуваат и одржуваат карибскиот феминизам.

Лиса Ален-Агустини, која пишува за традиционален весник, повторно ги објави нејзините најпознати колумни за сексуално злоставување на деца поради:

Мојата колумна во денешниот Trinidad Guardian на еден начин требаше да биде форматирана, а не е. Недостатокот на форматирање читањето го прави неверојатно тешко и сигурна сум дека нема да има никаква смисла за секој што пишува таму. Поради тоа јас сум тука, да ги објавам повторно моите колумни со коректното форматирање. Сакам да ги испратам далеку за да бидат прочитани бидејќи се работи за детско сексуално злоставување и никогаш не е доволно да зборуваме на таа тема.

Мислејќи на познатиот случај Сандуски во САД, таа зборуваше колку е важно да дојде до кршење на тишината поради некој проблем:

Ние во Тринидад и Тобаго може да мислиме дека оваа сторија за Сандуски е нешто страно за нас, и дека вакво нешто не може да се случи кај нас. Тоа би било многу погрешно. Во овој момент некаде во оваа држава се случува сексуално злоставување на некое дете. Некаде недалеку од вас некое момче или девојче е заведено од некој во кој верува, заведено со колаче или паричка или трева или плејстејшн или љубов или со факсимил на тоа. Оваа навидум наречена љубов е тоа што ги прави децата да бидат жртви. Затоа што оној кој ги заведува изгледа како да сака да се грижи за нив, понекогаш повеќе и од самите родители или роднини на детето. Овие чудовишта ќе ги опсипуваат со прегратки и ќе ги сослушаат. Тие знаат што сакаат децата и им го даваат. И тогаш тие земаат што сакаат.

Таа забележува дека во случајот Сандуски, „не е тишината на жртвите тоа што е застрашувачко, туку тишината на целата заедница“:

Сведочењата на поротата прикажуваат стории на луѓе кои го виделе Сандуски како лежи врз момчиња, се тушира со нив, има орален секс со нив, како ги силува. Некој кажал што видел на надлежниот, но тој не постапил онака како што законот налага: да ја извести полицијата, да истражи и да преземе мерки за заштита на момчињата кои биле злоставувани. (Во еден случај, мајка пријавила во полиција, која потоа ја прекинала истрагата.)

Доколку некое дете ви зборува дека некој возрасен несоодветно се однесува со него, кој е вашиот прв впечаток? Дали да поставувате прашања или да го тргнете детето настрана? Дали слушате во тишината или се соединувате со неа? Како и да е крајниот производ од случајот Сандуски ни дозволи да преземеме една работа од оваа грозна сторија: Да ја скршиме тишината.

На затварање на темата, Тоња Хајнес забележува дека:

Карибскиот феминизам не е влакнест џин кој јаде чудовишта, нестрплив да се искачи на врвот и да ја уништи фамилијата и општеството во процесот. Тоа е движење од различен ред на жени и мажи како оние што со коишто јас имав прилика да ги поминам овие два дена: страстни, храбри и посветени да бидат промената што сакат да ја видат.

Кој не сака да биде дел од тоа?

Сликата употребена во овој пост е “feminism”, од Џеј Морисон, употребена со лиценца Криејтив Комонс (CC BY-NC-ND 2.0). Посетете го фотостримот на Џеј Морисон на Фликр.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.