САД: Домородните Чироки се борат за светиот рид

Чироките, домородни Американци во Северна Каролина, во моментов се борат против изградбата на електрична трафостаница за којашто велат дека ќе им ја наруши духовната практика во Китува (Kituwah), свет рид којшто се смета за место на кое Бог, на Чироките им ги дал нивните закони и првиот оган. Се верува дека така опстанале речиси десет илјади години.

Ридот е 170 стапки во дијаметар и 5 стапки висок.

И покрај тоа што автохтоните остатоци – и човечките и културните – се заштитени од страна на САД, од 1990, со Актот за репатриација и заштита на гробните останки на домородните Американци, светите земјишта наречени ридови се сè уште вандализирани во очите на многу домородни Американци..

Чироките продолжуваат да се борат и преку Фејсбук со повеќе од 2,000 фанови на страната „Спасете ја Китува“.

Фотографија на Китува, објавена на Фејсбук групата од Црвениот грифон

Фотографија на Китува, објавена на Фејсбук групата од Црвениот грифон

Помошникот на јавниот обвинител во Чироки резерватот, Хана Смит, испрати порака до „Дјук Енерџи“. Објавена е на Facing South, веб сајтот на институтот за Источни студии. Таа ги опишува напорите за да се сочува областа, којшто Источната група на Чироките повторно ја врати во 1996:

Ја разбирам дека потребата за енергија и знам дека таа промена е нус-продукт на напредокот; Ја објаснив мојата желба на Дјук Енерџи, да ги намалат, што е можно повеќе, визуелните последици на оваа структура-кула, што ќе ги има Чироки народот кога ќе ја посетува Китува. Употребив метафора за да го опишам шокот од погледот на ова старо скривалиште Китува, со надеж дека ќе им ја пренесам пораката, за подобро да се разбере како јас (и повеќето Чироки) ќе бидеме погодени. Реков дека градењето на ваков неатрактивен индустриски „трн в око“ толку близу, во околината на нашиот стар и свет Мајчин град (Mothertown), е како поставување на електрична под-станица наспроти голема катедрала (како базиликата на Св.Петар во Рим). Културата на Чироките го цени местото Китува и што ќе остане од неговата недопрена убавина, како и од повеќето од светската вредност на Св.Петар, со неговата убавина на иконите и со неговата вредност како култно место.

Ако Чироките го убедат Дјук Енерџи да ја запре изградбата, тоа ќе биде нивна втора победа годинава. Во јануари 2010, според блогот „Спасете ги светите места“ (Save the Sacred Sites blog), Министерството за одбрана ја стопираше изградбата на аеродром во Јолта (Iolta) – старо Чироки село и гробно место во Северна Каролина – до понатамошна истрага. Но другите места на домородните Американци, како што е сумирано во Facing South, не се толку среќни:

Минатата година, ридот близу Оксфорд, Алабама беше употребен како депонија од градбата на Клубот на Сем, а друг индијански рид, во околината на Оксфорд, брзо исчезна за време на изградбата на градски спортски комплекс.

Во доцните деведесетти, индијанско гробно место во Нешвил, Тенеси, беше уништено за да се изгради супер-центар на Вал-Март, додека пак, друго индијанско гробно место по должината на реката во Кумберленд, беше погодено за време на конструкцијата на стадионот за фудбалската екипа од националната лига „Тенеси Титани“. И Џорџија гради автопат со четири ленти близу националниот споменик Окмулџи (Ocmulgee), место од огромно значење за Мускоџи (Muscogee) (Крик-Creek) народот.

Повеќе фотографии од Китува може да се видат овде и овде.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.