На 21 декември 2010 година, Универзитетот на Јордан одржа универзитетски избори за студентски сојуз. По извештаите за насилство и нерегуларности на изборите, Универзитетот веднаш даде изјава негирајќи го судирите. За помалку од две недели подоцна, се случија нови немири. Хамзех Латуф изјави на Твитер:
الحرس الجامعي حاول وقف المشاجرة في الجامعة الاردنية باستخدام خراطيم المياه
Латуф потоа почна со серија на објави барајќи од Валид Мани, министер за високо образование, за покрене реформи за да го запре насилството:
YE @WalidMaani направи истражување. какви типови на луѓе прават вакви невољи, тие што немаат среќа или кој и да е, почнете да ги примате во други универзитети
Латуф потоа објави видеа во кои студентите се каменуваат еден со друг и како еден човек е однесен на носилка:
طوشة السلطية والحمايدة في الجامعة الاردنية | http://www.youtube.com/watch?v=4WUdbdazS2E #Amman #JO
2 طوشة السلطية والحمايدة في الجامعة الاردنية http://www.youtube.com/watch?v=Tdynl17eviQ #Amman #JO
Како што видеата беа понатаму споделувани на Твитер, жителите на Јордан, како што е Нада Абандах, го искажаа нивното разочарување:
Студенти на Универзитетот или некаков вид на банда #Jo http://ow.ly/3wCf2
Мохамед Јусеф го додаде неговото осудување, исто така означувајќи го Мани:
на ова паднаа Универзитетите во Јордан http://youtu.be/4WUdbdazS2E cc: @WalidMaani #Jo
Али Ал-Хасани објави на Твитер:
Може ли само да кажам една работа пред да влеземе во 2011? ТИ БЛАГОДАРАМ БОЖЕ ШТО НЕ СТУДИРАВ НА НИТУ ЕДЕН ОД УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ЈОРДАН ! http://youtu.be/4WUdbdazS2E #Amman #Jo
Во земја горда на своите образовни достигнувања, владината реакција со цел да се спречат понатамошни судири се чини веројатна.