Фејсбук корисниците од Таџикистан се во шок после однесувањето на директорот на чаршијата во северниот дел од државата, откако тој призна дека претепал 17 годишен сирак до смрт и сериозно повредил друг. Директорот на чаршијата претходно ги фатил двајцата како крадат пари во вредност од околу 70 долари и храна од продавница која се наоѓа во просториите на чаршијата Назари Нек во областа Бобојон Гафуров.
Сведоците изјавија за медиумите дека двајцата тинејџери – жители на училиштето-сиропиталиште во регионот– викале „ние бевме гладни“, кога биле фатени од сопственикот на Назари Нек Рустам Јурујев и неговото обезбедување на 17 јануари пред да бидат одведени во затворена соба. Едно од двете момчиња почина внатре во собата. Другото момче остана во болница. Директорот и обезбедувањето ја признаа вината пред полицијата во снимка емитувана од локалната телевизиска станица на 20 јануари.
Говорејќи на таџикистански, водителот на вестите на локалната телевизија од 20 јануари го обвини директорот за учеството во тепањето, истакнувајќи дека тој поседува неколку луксузни куќи, флота од скапи автомобили и има направено аџилак во Мека, подвиг кој само неколку во поголемиот дел на муслиманската република некогаш успеале да го направат. Според Спасете ги децата, има околу 8.000 деца кои живеат во слабо-финансирани државни институции во Таџикистан.
Во Таџикистан „парите значат повеќе отколку човечкиот живот“
Во популарната јавна група на Фејсбук Ya Dushanbinets-2 (Јас сум жител на душанбе), повеќето корисници се кренаа против директорот на чаршијата. Неколку предлози на корисниците на групата да се линчува Јурујев не беа вклучени во овој извештај.
Саид Саша Биорн:
Хотелось бы чтобы в тюрьме ему было не весело.
Се надевам дека тој нема да помине убаво во затвор
Самијан Насирјанов ги повика другите во групата да не го осудуват злосторството се додека фактите не се целосно јасни:
Не судите,от тюрмы и сумы не зарекаются. Он же не хотел убивать. Он избивал вора, у него не было информации, что вор сирота и кушать хочет, но так вышло, что убил его. Никому не желаю попасть в такую ситуацию.
Не осудувајте, никој не е безбеден од лоша среќа. Тој не сакаше да убие. Тој претепа крадец незнаејќи дека момчето е сирак и дека сака да јаде. Но, тој го уби. Не посакувам било кој да се најде во ваква ситуација.
Олим Абидов одговори:
Самиджан, я смотрел сегодня видео, где он и его охраник сказали что ребята говорили им что они сироты с интерната и после того как запинали до смерти мальчишку директор базара хотел с имитировать все так как буто у мальчишки был нож, а директор в целях самообороны переборщил.
Самијан, го гледав видеото, каде нему и на неговото обезбедување им беше кажано од момчињата дека тие се сираци од сиропиталиштето. Откако го претепа момчето до смрт, директорот сакаше да ја замачка приказната дека момчето го нападнало со нож и дека тој се бранел себе си.
Аџ Шарипов тврдеше дека постапките на директорот на чаршијата не се постапки на еден религиозен човек:
Во первых, если этот урод Ходжи, то он был обязан объяснить человеческим языком, что воровать это плохо! И пристроил бы их в какую нибудь точку на своем Харом бозоре, а не руки распускать и заниматься самосудом! Я надеюсь он будет гнить кусая локти.
Како прво, ако ова ѓубре е оџа [човек кој има извршено аџилак во Мека], тој требаше да им каже на момчињата дека крадењето е лошо! Тој можеше да им даде работа во чаршијата, наместо да ги тепа и линчува. Се надевам дека ќе гние во каење.
Воглавно, на корисниците на популарната група едноставно им беше премногу како еден инцидент на ситен крадец доведе до такво екстремно насилство:
Мир поменялся… Можно соглашаться с этим или нет, но сегодня, действительно, деньги стоят куда дороже человеческой жизни. И, как видно из этой истории, даже небольшие деньги…
Светот се смени. Дали се согласувате или не, но денес, парите навистина значат повеќе од човечкиот живот. Како што гледаме од оваа приказна, ова дури [се однесува] и на мала сума пари.
Навидум како одговор на јавното негодување, долгогодишниот претседател на Таџикистан Емомали Рахмон зборуваше на 23 јануари за потребата од народен правобранител за детските права во земјата.