Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Саудискиот крал Абдула почина на 90 години; го наследи Салман, 79

King Abdulla of Saudi Arabia died today at the age of 90. His photograph appears on all Saudi currency. Photo credit: Amira Al Hussaini

Кралот Абдула на Саудиска Арабија почина денес на возраст од 90 години. Неговата фотографија се појавува на сите банкноти во Саудиска Арабија. Заслуга за сликата: Амира Ал Хусаини

После неколку неделните шпекулации, Саудиска Арабија денес [23 јануари, 2015] ја објави смртта на Абдула бин Абдулазиз, 90, Чуварот на двете свети џамии. Абдула дојде на власт во август 2005, по смртта на неговиот полу-брат Фахад бин Абдулазиз, и сега е наследен од неговиот друг брат Салман бин Абдулазиз кој има 79 години. Од друга страна, нивниот друг брат Мукрин беше назначен за принц. Сите тие се синови на кралот Абдулазиз, кој ја основа Саудиска Арабија во 1932, отстапувајќи го престолот во сукцесија низ годините. Абдулазиз имаше 46 синови од кои 36 го преживеaјa полнолетството и имаa деца. Амро Али од Египет го сподели овој графикон кој го покажува „постојаното намалување на старата генерација на саудиски кралеви во чекање“.

Постојаното намалување на #Саудиски кралеви во чекање. Останаа тројца. http://t.co/vjLCCf5VE2 pic.twitter.com/A2K0CxTdhf v @markscheffler — Amro Ali (@_amroali) 23 јануари, 2015

На интернет, граѓаните на другите земји побрзаа да го изразат нивното мислење. Саудискиот блогер Ахмед Ал Омран забележа како се смени биографијата на кралот Салман на Твитер за да ја прикаже неговата нова позиција:

Твитер биографијата @HRHPSalman ажурирана за читање: Официјалниот профил на Чуварот на двете свети џамии, Кралот Салман pic.twitter.com/ieqqq1kTUZ — Ahmed Al Omran (@ahmed) 23 јануари, 2015

Исто така имаше забуна за годините на починатиот крал и неговиот наследник. Абдулхалек Абдула, од ОАЕ, напиша на Твитер:

Најнова вест. 93 годишниот крал Абдула бин Абдулазиз од Саудиска Арабија почина. 82 годишниот Салман бин Абдулазиз е новиот крал. — Abdulkhaleq Abdulla (@Abdulkhaleq_UAE) 22 јануари, 2015

Многумина не беа пријатни со веста за смртта на Абдула. Овој Твитер корисник ја сподели следната слика:

Кралот Абдула е жив и е забележан како го јава својот коњ pic.twitter.com/h3XJAi8jN6 — Zalameh (@BDS4Justice) 22 јануари, 2015

Но, исто така имаше Саудијци тажни за смртта на нивниот крал. Овој Твитер корисник напиша:

Моите очи се полни со солзи, Нема зборови со кои можам да опишам колку го сакав овој човек!#وفاة_الملك_عبدالله — ﹌ (@Lmashmranii) 23 јануари, 2015

Друг корисник напиша:

Тој не беше само крал тој беше и водач и татко #وفاة_الملك_عبدالله — miss g (@AJustagirl123)  23 јануари, 2015

Жалоста продолжи:

#RIPKingAbdullahBinAbdulaziz Ние изгубивме татко. Изгубивме одличен водач. Изгубивме крал на човештвото. Почивај во мир кралу Абдула #وفاة_الملك_عبدالله — رمآد ..♡ (@ramad_n_)  23 јануари, 2015

Од Египет, Карпата побрза да се приклучи кон поворката на жалост, заблагодарувајќи му се саудискиот монарх за неговите услуги кон Египет:

#وفاة_الملك_عبدالله Одличен крал: Благодарност за сите твои напори да му помогнеш на Египет. Сочувство кон луѓето од Саудиска Арабија pic.twitter.com/M5nLYVWwWd — Etch H (@TheRockH2012) 23 јануари, 2015

Илјадници пораки со сочувство продолжија да пристигнуваат заедно со молитви за милост за неговата душа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.