Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аватар: За или против културата и правата на староседелците?

Додека едните сметаат дека визуелно извонредниот Аватар (2009 г.), научно- фантастичниот филм во кој се зборува за целосно неуспешниот обид на луѓето од Земјата да колонизираат друга планета е широко прифатен како сосем антиимперијалистички филм, другите пак сметаат дека- филмот којшто се наоѓа на прво место на киноблагајните на најгледани филмови во историјата –  содржи суптилни облици на расизам кон локалните жители (староседелците).

Авторот на блогот Телеграф (Telegraph), блогерот Вил Хевн, којшто обично пишува за политика, интернет и религија во Велика Британија, го оценува филмот како расистички  и арогантно западно – левичарски филм:

Не би сакал да го уништам заплетот, но еве ви ја кратката содржина:  група на користољубиви луѓе од Земјата ја колонизира далечната планета, која се вика Пандора, со цел да извади огромни количества на скапоцени минерали. Локалните жители на планетата Пандора- високи, сини вонземјани наречени На’ви – живеат на земјишна површина којашто е наменета за експлоатација. Тие не сакаат да се преселат, па затоа луѓето ги напаѓаат.
[…]
Но, најскандалозната тема во Аватар е токму главниот лик, младиот хендикепиран Американец, Џек Сали, кој го игра Сем Вортингтон. Пред да им објават војна на племето На’ви, луѓето го испраќаат Сали на планетата (во облик на син аватар), со последна надеж дека ќе  пронајде дипломатско решение. Но, на големо изненадување, тој станува еден од нив – сочуствувајќи со нивната мака, решава да ги предводи во борбата против луѓето од Земјата.
Ваквото одвивање на дејствата го засенува дури и левичарскиот концепт: староседелците На’ви, во филмот, имаат потреба од белиот човек да ги спаси, бидејќи како малку развиена раса, не се доволно интелигентни и не се доволно јаки за да им се спротивстават на непријателите. Со други зборови, сиромашните беспомошни жители, немаат друго решение освен да му веруваат на принципиелниот бел човек кој ќе ги избави од неволја.

Авторот на блогот  Мислиме наместо вас (Thinking for you) – Флорида го дели истото мислење:

Прилично бев шокиран што толку многу луѓе во публиката ја прифатија корпорацијата и карикатурите на војската на САД како непријатели и што буквално аплаудираа на уништувањето на ударната единица. Но можеби јас не сум во право, бидејќи на крајот на краиштата прикажувањето на поразената војска е само измислица, а пораката која останува поврзана со визуелниот спектакл е дека судбината на природата и културата не зависи од исправноста или праведноста, ниту пак од внатрешната сила, туку зависи од дискусиите и интервенцијата на војниците на англоамериканската морнарица. Без разлика дали си предаторско корпоративно претпријатие или храбар син староседелец, не можеш да победиш доколку војникот од англоамериканската морнарица не е на твоја страна. Сето останато е случајност, а спротивставувањето е залудно.

Блогерот пак Ерик Рибеларси со блогот Огнениот колектив: Борба против империјализмот смени го твоето мислење и експериментирај (Fight Imperialism, Rethink and Experiment), не се сложува со горенаведеното:

Јас сметам дека ова е еден детален и убав филм кој ја раскажува приказната за еден бел војник, елитист, кој се бори за империјализмот, кој има за задача да ги проучува и тиранизира староседелците – вонземјаните ( На’ ви ), но тие успеваат да го трансформираат и да го придобијат на нивна страна во борбата против империјализмот.

Блогерката, која и самата има староседелско потекло, во блогот Раскази од Минданаоан (Mindanaoan’ s Narratives) го опишува Аватар како ‘’филм од соништата на активист’’ и го поврзува со проблемите во нејзиниот роден крај, на Филипините:

Филмот исто така ја рефлектира борбата меѓу староседелците и руралните општества  која се одвива во руралните предели на Минданао. Експлоатацијата и и другите ‘проекти за развој’ се поврзани со милитаризацијата и кршењето на човековите права, борба на Лумад против Лумад (староседелци на југот на Филипините).

Блогот на Џордан Пос (Грузија) има различно гледиште:

Споредувањето на расата На’ви со северноамериканските староседелци е срамотно и одвратно. Не затоа што мислам дека постои нешто свето во индијанското искуство, туку затоа што целиот филм е тежок и сентиментален, староседелците На’ви толку беспомошни (или свети), а нивните непријатели од Земјата толку лоши од што ми се слоши. Ова не е раскажување приказнa, ова е држење лекции. И тоа на многу неубедлив начин.

Блогот Поставување погрешни прашања (Asking the Wrong Questions) на Израелецот Абигаил Нусбаум, смета дека филмот воопшто не ги идеализира староседелците:

Кога и самиот уметнички директор на филмот несвесно објаснувајќи за процесот на трансформирање на ликовите во сини вонземјанци, им овозможува на режисерите да раскажуваат приказни кои би се сметале за расистички доколку се работи за луѓе и не сфаќа во што е проблемот и покрај фактот што единствената разлика меѓу тие вонземјани и стереотипните северноамерикански индијанци е токму во нивната сина боја на кожата, тогаш, на сето тоа што еден обичен блогер би можел да додаде?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.