Граѓаните од цела Европа поднесуваат петиција против ЦЕТА (Сеопфатниот економски и трговски договор) и ТТИП (Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство). Според Европската комисија, ЦЕТА „ќе им понуди на фирмите од Европската унија повеќе и подобри бизнис можност во Канада и ќе обезбеди работни места во Европа”, додека ТТИП „има за цел да ги отстрани бариерите на пазарот во широката сфера на економски сектори за да го олесни купувањето и продавањето на добра и услуги помеѓу ЕУ и САД.”
Според блогерите, корисниците на социјалните мрежи и медиумот Индепендент (The Independent) сепак, целта на двата договора е да „се отарасаат од социјалните и надолни правила на конкуренција“ на начин што ќе им оди во прилог на големите бизниси и ќе лиши цели општества од регулаторна безбедност.
Повеќе информации и ставови можете да најдете на хаштаговите #TPPTuesday, #TTIP и #CETA на Фејсбук и Твитер:
Слушнавте за #TPP ? Ако не, запрашајте се ЗОШТО? http://t.co/rXO3KsUyy8 #TPPTuesday
— Селест Дрејк (@CDrakeFairTrade) 17 декември, 2014
Слушнавте за #TPP ? Ако не, запрашајте се ЗОШТО? http://t.co/rXO3KsUyy8 #TPPTuesday
— Селест Дрејк (@CDrakeFairTrade) 17 декември, 2014
Иако Европската комисија (EК) го одби предлогот на една од алијансите на ЕУ активистите да одржат Европска граѓанска иницијатива (ЕГИ) против ТТИП и ЦЕТА во септември минатата година, независни огранизации од цела Европа продолжуваат со лобирања против договорите. Моментално 333 организации, кампањи за социјална правда и иницијативи за човекови права ја подржуваат Европската граѓанска иницијатива против ТТИП и ЦЕТА.
Во оригиналниот предлог на активистите пишува:
Сакаме да ги спречиме ТТИП и ЦЕТА бидејќи опфаќаат неколку критични прашања како што се решавање на спор меѓу инвеститор и држава и правила за регулативна соработка, коишто претставуваат закана за демократијата и владеењето на правото. Сакаме да спречиме опаѓање на социјалните, еколошките, потрошувачките стандарди и на стандардите за вработување и приватност и да спречиме либерализација на комуналните услуги (како водата) и на добрата од јавен карактер во нетранспарентните преговори. ЕГИ се залага за алтернативна политика на трговија и инвестиции во ЕУ.
Конкретно, противниците на договорот за трговија се плашат дека ТТИП ќе им даде ново право на странските инвеститори да ја тужат владата пред ad hoc арбитражен суд за загуба, што може да се јави поради тоа што одлуките поврзани со јавната политика се носат во интерес на граѓаните. (Повеќе информации на оваа тема има на блогот War on Want).
Но, ЕК продолжува да ги наведува придобивките од овие договори за Европа. За време на посетата на парискиот универзитет Дофин по повод промовирање на договорите, Сесилија Малмстром, комесар за трговија на Европската унија, им кажа на студентите дека „ТТИП е најамбициозниот договор” што „покрива се'” и „ претставува можност за создавање повеќе работни места, инвестиции и економски раст од кои ќе имаат придобивка сите граѓани на Европа.”
Актуелниот конфликт за ЦЕТА и ТТИП го истакнува таканаречениот ‘демократски дефицит‘ на ЕУ: независни медиуми, активисти и обични граѓани се обединиле како растечко тело на загрижената јавност за да се спротистават на два договора кои според нив се штетни за јавниот интерес, но ЕК — неизгласано тело — и покрај тоа, продолжува да преговара и да ги промовира.
ЦЕТА: Време е да се признае дека е преценета, заткулисна зделка http://t.co/2O7meJQbKR #canlab
— Анџела Мекјун (@AMacEwen) 17 декември, 2014
ЦЕТА: Време е да се признае дека е преценета, заткулисна зделка http://t.co/2O7meJQbKR #canlab
— Анџела Мекјун (@AMacEwen) 17 декември, 2014
Global Voices ќе продолжи да ги следи случувањата поврзани со ЦЕТА и ТТИП во 2015.