Денеска гласачите во Јужен Судан отидоа на гласачките места да решат дали треба да се одделат или да останат дел од Судан. Оваа рунда твитови е поврзана со референдумот. Можете во живо да ги следите твитовите употребувајќи го хаштагот #СуданРеф.
Алун МекДоналд забележал дека традиционалниот судански начин на поздравување е заменет:
Изгледа дека традиционалниот судански начин на поздравување денеска е заменет со „Здраво, гласаше ли веќе?“ #СуданРеф
„Засега гласањето се одвива добро“, објавил Вандеринг Трејси:
Засега гласањето се одвива добро. Се надевам дека и во наредните денови од гласањето, па се до добивањето на резултатите ќе биде така. #Суданреф #судан
Бен е импресиониранод сериозноста на гласачите:
Јас сум импресиониран од сериозноста на гласачите во #Суданреф кои се надвор од Картоум. #Судан
Гласачите чекаат во ред до 6 часа без да се жалат, забележува Линди Јансен:
Начинот на кој се одржува суданскиот референдум е извонреден. Чекање во ред и до 6 часа на топлината и малку жалби. #почит
Има одлична атмосфера на гласачките места:
Редиците на гласачките места се долги, бавно е и жешко, но изгледа на никој не му пречи. Одлична атмосфера. Сите гласаат за отцепување, „се разбира“ #СуданРеф
Дегнер се прашува како ќе биде новото име на Јужен Судан:
Дали некој знае како ќе се вика новата суданска држава? Нов Судан, Јужен Судан, Западна Централна Африканска Република? #СуданРеф
Внуката на поранешниот премиер беше уапсена за анти-референдумските протести:
Абер Осман, внука на поранешниот премиер Алзари, е однесена во полициската станица поради анти-референдумскиот протест во Судан.
Една стара жена пее, „Чао чао Арапи“:
Стара жена игра во гласачкото место во Гаранг и пее „чао чао арапи“ #СуданРеф
Еден човек плаче од радост на гласачкото место:
Човек гласачкото место го напушти плачејќи откако гласаше. Илјадници во редот ракоплескаа и го подржаа. #СуданРеф
Гласањето започна со песна и молитва во САД (Јужните Суданци учествуваат во референдумот гласајќи во 8 земји околу светот)
Гласањето започнува со песна и молитва на арапски, како што беше побарано од гласачите во Далас. #СуданРеф
Виџај се прашува како може да се споредува референдумот на Јужен Судан со оној на Источен Тимор:
Се прашувам како суданскиот референдум се споредува со Источен Тимор. Поголемото Q, Дали нафтата во ЈС ќе привлече компании од САД и ВБ истиснувајќи ги кинеските компании? Дали ќе има мир?
Првиот гласач во Далас, Тексас;
Првиот гласач во Далас беше постар работник кој по оставањето на гласачкото ливче во кутијата мавна со раката и рече чао. #СуданРеф #Судан
Дали Шариа е поважна од единството?:
Знаци во Картоум: „Нема единство по цена на Шариа“, значејќи дека Шариа е поважна од обединет Судан. Тоа ги загрижува многумина овде. #суданреф
За крај, ќерката на првиот судански премиер протестира против референдумот.
Ќерка на првиот премиер на независен #Судан го стави знамето на половина јарбол, ги покри ѕидовите со црни рамки за да протестира #СуданРеф