Последното нешто што му треба на Хаити, соочувајќи се со монументалната задача за возобновување од земјотесот кој го разурна Порт-о-Пренс и околината на 12 јануари, е недостаток на добра власт. Сепак некои членови на хаиќанската блогосфера се повеќе од охрабрени што се однесува за напорите за обнова од земјотресот од 2010.
Tвитер, уште откако се објави болната вест, се покажа како најбрз начин за пренесување на мислењата: Mузичарот и хотелиер Ричард Морс, кој постојано објавува на Твитер како RAMhaiti, продолжува тивко и искрено со неговото:
Несомнено, беше пред шест години во септември 2004: Околу 3,000 лица загинаа кога Tропската бура Џин (Jeanne) го истури својот бес на североисточниот крај од островот, предизвикувајќи уништувачки поплави и лизгања на земјиштето на Гонаивите. Ужасот се повтори во септември 2008, благодарение на очигледно бескрајното надоаѓање на бури кои ја погодија веќе опседнатата земја.
Процесот на обнова се комплицира откако се вмеша и политичката клима на Хаити. Според Морс, има малку надеж дека парите за помош ќе стигнат во рацете на оние кои ќе ги употребат правилно:
Тој објаснува во последниот пост:
Тој мисли на Мишел Пјер-Луи, којашто, откако претседателот Рене Превал ја номинираше за нејзиното место во јуни 2008, се соочи со тешка битка за докажување во парламентот на земјата. Таа можеби ќе се докажеше, но издржа само една година на местото, предизвикувајќи некои блогери да се запрашаат за околностите за нејзиното отпуштање. Но тоа не беше единствениот контроверзен настан на политичката арена во земјата: Фанми Лавалас, партијата на симнатиот бивш претседател Жан Бертран Аристид, која се уште ужива пристојна популарна поддршка во Хаити, беше попречена во учеството на следните избори во државата, кои беа закажани на крајот од февруари, годинава.
Морс продолжува:
Хаити падна на 168 место од 180 земји според рангирањето на Транспаренси Интернешнал за индексот за перцепција на корупцијата за 2009. Морс бесрамно пишува за 2009 како “ГОДИНА НА ИЗМАМАТА” во Хаити, додавајќи уште еден пост на Твитер:
Тој исто така одговара на @ZOEмагазин прилично иронично:
…но внимателно ги објаснува своите изјави:
Moрс не е единствениот блогер од Хаити кој зборува за претпоставената корупција на Твитер. thehaitian ја поставува практиката во контекст на неговиот пост:
Сепак, тој признава дека работата на владата остава нешто посакувано:
RAMhaiti изгледа дека се согласува, споделувајќи малку од неговото искуство:
thehaitian моли за транспарентност на начинот на кој се распределуваат парите од помошта:
…и сугерира дека:
Доволно интересно, Њу Американ Медиа (New American Media) направи анкета на хаиќанската дијаспора во САД и еден од поголемите резултати покажува дека:
Се чини дека Хаиќаните во САД ја изгубија довербата во сегашната влада на Хаити и справувањето со последиците од земјотресот.Три петини од анкетираните се согласиле дека владата, практично исчезнала по земјотресот, а 63 проценти не ја одобруваат реакцијата на претседателот Рене Превал и на владата за земјотесот. Загриженоста за способноста за справување со кризата на владата на Хаити е толку силна што поголемиот дел од Хаиќаните во САД сметаат дека официјални лица од Обединетите нации и меѓународната заедница треба да владеат со Хаити “се додека целосно се обнови од катастрофата.” Анкетата открива и дека Хаќаните не се загрижени за големото американското воено присуство во нивната држава.
Други нетизени исто така ги ставаат нивните “безвредни”објави на Твитер, со критички придонес на дискурсот кој доаѓа од melindayiti:
Најпосле, meandering објави линк на неговиот блог кон Бизнис порталот на Хаити и сугерира дека и меѓународната заедница има главна улога:
Од 1 до 3 милијарди долари се на пат кон Хаити: можеби толпата ЌЕ обрати внимание или пак ќе си ги купат обновата, ослободувањето и реконструкцијата однадвор? Со ризик да бидам политички некоректен, можеби меѓународната заедница ќе смета на зборовите на силниот човек од Руанда, Пол Кагаме: “TРГОВИЈА не ПОМОШ”.