Овој пост е дел од нашата специјална репортажа за Египетска револуција во 2011 година.
Со подигањето на движечките сили на исламистите во пост-револуционерен Египет, стравот од религиска обесправеност се повеќе расте помеѓу младите, малцинствата и жените. Неодамна, група на жени од Египет креираа Фејсбук страница на арапски која ја нарекоа „Одекнувачки врисоци“ посочувајќи ја половата дискриминација во општеството и обесправеноста која може да се случи со доаѓањето на исламистите на власт. Групата исто така започна настан „Носење превез за солидарност со жените“ кој го имаше следниов опис:
На страната на настанот, групата објави неколку слики од мажи кои носат превез, една од кои е преземена од он-лајн кампањата која ја лансираа Иранците пред две години во знак на поддршка на студентот кој беше уапсен поради тоа што се облекол како жена за да избега од Техеран, како што тврдеа властите. Туниските нетизени придонесоа за овој настан и иронично коментираа на ѕидот на страницата, оставајќи саркастични коментари против енахда забавата, која го доби мнозинството на гласачките избори во Тунис кои се одджаа минатиот месец, како и за нивниот водач Рашед Ганоучи.
Абделхади Бен Сегир коментираше на настанот со критика до Ганоучи:
je suis pour le droit des frérots de porter le hijab.solidarité avec ghanoucha qui préfère le tchadri
Инес Бен Хамида со нејзиниот коментар нема оптимистичко размислување во врска со настанот:
Les hommes est ce que vous pouvez mettre le voile pour nous je défie que vous seriez minorité minimine malheureusement 🙁
Фејсбук корисникот Емад Баста не се согласува со тоа и напиша на ѕидот на настанот:
Не можам да се согласам со тоа, дури ни жените не треба да се покриваат. Жените не се деградирани и тие имаат исти права како и секој маж, дури заслужуваат и повеќе права бидејќи тие се оние кои се одговорни за репродукција на човечката раса, тие се кралици на нашиот свет.
Луѓето што бараат жените да носат превези се дискриминатори и полни со предрасуди и треба да бидат погубени. Ако жените срамота, тогаш зошто се створени на овој начин, ова покривање е нечија машка идеја за контрола. Женската коса ја истакнува убавината, а луѓето кои сакаат да ги прекријат жените, во основа се неспособни да ја контролираат нивната сексуална потреба и треба да бидат прогонети како закана за општеството.
Египетскиот корисник наречен لا للرجعية والتطرف (не за заостанатоста и екстремизмот) напиша дека тој е против злоупотребата на религијата во име на политиката:
Друг Египќанец Амре Ел-Абијад напиша коментар за улогата која Арапската пролет треба да ја има во еманципирање на жената:
Арапската пролет не треба да биде за соборување на диктатори. Демократијата започнува на ниво на ум. Треба да ги собориме табу темите кои ги задржуваат нашите иновативни потенцијали: патријархија, заменета религиозност и сексуална опсесија. Превезот е стар семитски обичај – искусен во еден период од страна на толку многу култури. Иако се чинеше дека е на пат да исчезне во 20тиот век, тој истраја и се здоби со широка употреба во арапскиот свет во сегашно време. Тоа е индикатор на нашата очајничка потреба да ја издигнеме револуцијата на културно и разумно ниво.
Единствениот маж кој ја објави неговата слика беше Магди Абделрахим велејќи дека тој покажува солидарност:
Са Неб дискутираше дали превезот е религиозна обврска или не:
Овој пост е дел од нашата специјална репортажа за Египетската револуција во 2011 година.