Авганистанската заедница во Данска на протест против насилството и екстремизмот

Photo by Jamil Ghafuri. Used with permission.

Фотографија на Jamil Ghafuri. Употребена со дозвола.

Оваа сторија е првично напишана на дански, од страна на Масих Садат, а објавена на веб-страницата Opinionen. Подолу е редактираната верзија на македонски јазик, објавена со негова дозвола.

Предводени од смртоносните напади во Авганистан, Франција и други делови од светот, луѓето со авганистанско потекло и свое потомство во Данска, гласно ја изразија својата солидарност со жртвите и фрустрацијата околу континуираното насилство.

Минатиот месец, неколку данско-авганистански здруженија се собраа заедно пред дворецот Кристијанборг во главниот град на Данска – Копенхаген, каде одржаа комеморација во чест на многуте загинати невини луѓе од целиот свет, кои изминатиот период беа жртви на нападите органзирани од ИСИС, бруталната групација која полека завладеа со Ирак и Сирија.

Координираните стрелања и самоубиствените бомбардирања, кои се случија изминатиот ноември во Париз, а резултираа со 130 жртви, „отворија уште една рана во веќе скршените срца на данските Авганистанци“, вели главната порака на протестот. „Бидејќи токму тие се едни од најзапознаените со крвавите дејствија на екстремистите“.

Само четири дена пред нападите во Париз, провинцијата Забул во Авганистан, беше исто така погодена од крваво насилство. Таму, седум авганистански цивили, главно деца и жени, беа убиени од милитанти, наводно поврзани со ИСИС.

„Востанието Табасум“

Иако ова не е првиот изблик на насилство во истоштениот од војни Авганистан, каде се чувствува присуството на екстремистичките милитантски групи како Талибанците, Ал-Каеда, а сега и ИСИС, овој последен инцидент ги натера Авганистанците ширум светот да го кренат својот глас и да се мобилизираат, како што е и случајот со Данска, дом на неколку илјади луѓе со авганистанско потекло или потомство.

Авганистанците од секој дел на светот активно го користеа хаштагот #Shukria по социјалните мрежи:

Човештвото нè има разочарано безброј пати, но смртта на Шукрија остави трага врз сите нас. Почивај во мир. #shukria

#Australia#Sydney: „Сите сме #Shukria’ #ZabulBeheading#Hazarus во #Afghanistan| #auspolpic.twitter.com/nVv3EeN61P

Сите говорници на протестот кој се одржа на 22 ноември пред Крстијанборг, зборуваа за формирање на востание на Авганистанците против контуинуираното насилство и несигурноста во земјата. Го нарекоа „Востанието Табасум“, во чест на деветгодишната Шукрија Табасум, која беше една од седумте припаднички на етничката група Хазари, обесена во Забул.

Најголемите протести во историјата на Авганистан, откриваат голема пресвртница во политиката на земјата

Денеска, #London протестира за #shukria, деветгодишното #afghan девојче обесено во #zabul, минатата недела. #zabulbeheadingpic.twitter.com/aGCsXu1QTO

По завршувањето на протестот пред владината зграда, стотиците луѓе – деца, возрасни и жени – кои излегоа и покрај студеното зимско време таа недела, заедно во групи, започнаа да маршираат кон Француската Амбасада за да го изразат своето сочувство кон жртвите од париските напади.

Photo by Jamil Ghafuri. Used with permission.

Фотографија на Jamil Ghafuri. Употребена со дозвола.

Изјавата дадена од страна на сите четири данско-авганистански здруженија кои го организираа настанот, гласеше:

Ние, во името на Авганистанците во Данска, најостро ги осудуваме неодамнешните инциденти и го испраќаме нашето најдлабоко сочувство кон семејствата на жртвите. Заедно изразуваме длабоко жалење и сочувство за Парижаните и нивните семејства во Франција, Авганистан и други засегнати места во светот.

Помеѓу демонстрантите, кои маршираа низ улиците на конгенс Нитров, за да положат цвеќиња во име на жртвите во Париз, го сретнав Јозеф Сабер, претседателот на Авганистанското Младинско Здружение во Данска, едно од четирите здруженија кои стоеја зад протестот. По настанот, со него зборувавме за целта на протестот.

Масих Садат (МС): Зошто решивте протестот да се заврши пред Француската Амбасада?

Joseph Saber (JS): Det gjorde vi af sympati og medfølelse for terrorofrene i Paris. Al-qaeda, Taliban og ISIS er grupper, der deler samme ideologi og samme forvrængede teologiske fortolkninger af religionen. Danske afghanere er mere end alle andre folk bekendte med terrorismens blodige værker, hvilke også var grunden til den udviste medfølelse og empati. De fleste afghanere har oplevet krigen og terroren på nært hold og kan hermed bedre forstå en anden nations smerter, som forårsages af samme.

Јозеф Сабер (ЈС): Тоа го направивме од симпатија и сочуство кон жртвите на тероризмот во Париз. Ал-Каеда, Талибанците и ИСИС се групации што ја делат истата идеологија и истите извртени теолошки толкувања на религијата. Данските Авганистанци се, повеќе од другите, запознаени со крвавите дела на тероризмот. Повеќето Авганистанци одблизу имаат искусено војна и терор и затоа подобро можат да ја разберат болката на другите држави, нанесена од страна на терористите.

МС: Што се надевате дека ќе постигнете со овој протест?

ЈС: Пред се, нашата главна цел беше комеморација на жртвите од тероризмот и изразување на сочуство кон оние што ги изгубија своите сакани поради терористичкото насилство. Понатаму, сакавме да ги осудиме бруталните чинови направени во име на Исламот, истовремено разјаснувајќи дека екстремизмот и тероризмот не припаѓаат на ниту една религија, раса или менталитет. Тоа е болест што го изопачува умот, а со тоа и заедницата.

Барање до данските политичари

Четирите данско-авганистански здруженија – Авганистанското Младинско Здружение во Данска, Катиб, Катмол-Анбија и Шорај Хамбастаг – заеднички изготвија писмо, во кое го осудуваат неодамнешното насилство во Авганистан, Франција и остатокот од светот, а воедно упатија и голем број на барања до данските политичари во Парламентот.

Photo by Jamil Ghafuri. Used with permission.

Photo by Jamil Ghafuri. Used with permission.

Писмото кое беше прочитано за време на протестот од различни луѓе на дански, англиски и персиски, последователно беше проследено и до политичарите во Кристијансборг. Едно од барањата до Данската Влада, како и до Европскиот Парламент, беше „повторниот фокус кон Авганистан“, конкретни дејствија спрема милитантските групи како Талибанците и ИСИС, како и преиспитување на репатријацијата на „невините авганистански бегалци“.

Писмото предизвика голема загриженост кај авганистанските здруженија и данските баратели на азил, особено по депортацијата на две авганистански браќа-бегалци во јуни од страна на Владата, при што еден од нив беше убиен од Талибанец, а другиот беше исчезнат.

„Се надеваме дека нашите политичари повеќе ќе се фокусираат на проблемот со радикализацијата во општетсвото, и исто така се надеваме дека светската заедница нема да остане имуна на местата од светот, погодени токму од епидемија“, вели Јозеф Сабер.

„Авганистан е токму едно од таквите места“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.