Задоволство ние да ви го претставиме вториот водич за 2.0 застапување: Вкрстено објавување за застапување, Вовед во ефективно интегрирање на социјалните медиуми. Овој водич нуди краток вовед во користење на вкрстеното објавување при водење на онлајн кампања за застапување на некоја кауза. Во него се разгледуваат различни веб 2.0 алатки, прикажувајќи успешни примери каде вкрстеното објавување е користено за застапување. Водичот исто така ги содржи предностите и недостатоците на техниката на вкрстено објавување.
Подобри ја твојата онлајн кампања за застапување
Една успешна и ефективна онлајн кампања вклучува различни стратегии со цел од една страна да се подигне свеста и да се промовира пораката, а од друга страна да се достигне што подалеку и да се привлечат нови поддржувачи, кои ќе дејствуваат во корист на вашата цел.
Благодарение на широко распространетата достапност на сите типови на содржини на интернет, сега можете да го зголемите опсегот на вашата онлајн кампања со автоматско и инстантно вкрстено објавување на вашиот блог или веб-сајт на различни веб 2.0 сервиси, како што се макро и микро сервисите за блогирање (Twitter, Facebook, MySpace итн.). Ова е уште еден одличен начин за градење на заедници и поврзување со публиката, а може да има и поголем импакт на вашата кампања, особено за привлекување на вниманието на луѓето кои никогаш не го посетиле вашиот сајт.
Написите на вашиот блог и веб-сајт не се засебни написи. Тие може да се појават истовремено на безброј веб платформи, привлекувајќи го вниманието на нова публика и отворајќи нови канали за комуникација со групи кои се надвор од кругот на вашите најлојални поддржувачи. Вашиот блог и веб-сајт може да останат вашиот примарен медиум за содржина, но бидејќи само неколку читатели ќе ве следат на Twitter или се претплатени на вашиот RSS фид, овој пристап на широка распространетост има потенцијал да вклучи повеќе луѓе во вашата цел и да ги поттикне да споделат линкови, потпишат електронски петиции, испратат имејл пораки, па дури и да донираат.
Постојат повеќе предности на овој пристап. Првата е дека привлекувате повеќе посетители, а со тоа и потенцијални поддржувачи на блогот на кампањата. Исто така, го има ефектот на продолжување на животот на вашите блог постови и написи на веб-сајтот со генерирање на циклус на споделување и промоција, кој лесно може да биде забележан од пребарувачите како Google.
Преземете го водичот „Вкрстено објавување за застапување“ како PDF документ.
Содржина
- Вовед
– Што ви е потребно?
– Како автоматски да го објавуваш твојот блог или веб-сајт на Twitter?
– Освежувајте го вашиот статус на Facebook преку Twitter
– FeedBlitz оди еден чекор понапред со автоматско доставување на имејл и инстант пораките
– Неколку аргументи против користењето на вкрстено објавување
– Пример за како да ја користите техниката на вкрстено објавување
Погледнете ги другите наши водичи за 2.0 застапување:
Гео-бомбардирање: YouTube + Google Earth
Гео-бомбардирање е една од техниките кои може да се искористат со цел да се постигне поуспешно распространување на вашите YouTube видео кампањи преку апликациите на Google за мапирање, како што се Google Maps и Google Earth. Сега може да ги гледате вашите гео-тагирани видеа во Google Earth и Google Maps. Секое YouTube видео со гео-таг ќе биде прикажано кога YouTube слојот од Google Earth/Maps е вклучен. [прочитај повеќе]
2 коментари