Откако вакцината против ковид-19 стана достапна во Европската Унија, Чешката влада отпочна нова комуникациска кампања наменета за надминување на стравот или сомнежот поврзани со вакцинирањето. Овој пат, инспирација за кампањата потекна од место кое ретко се поврзува со објави од областа на јавното здравство: поезијата.
На 27 декември, профилот на Твитер на Канцеларијата на Чешката влада објави порака преку видео клип од 30 секунди кој може да се погледне овде:
Do Česka dorazily první vakcíny a začínáme očkovat zdravotníky a seniory. Vakcinace je nejefektivnější způsob, jak dlouhodobě zastavit šíření epidemie a jak znovu žít tak, jako dřív. pic.twitter.com/DZAMD1P8Sh
— Úřad vlády ČR (@strakovka) December 27, 2020
Првите дози на вакцината дојдоа во Чешката Република и почнуваме со вакцинирање на медицинските работници и старите лица. Вакцинацијата е најефективен начин за долгорочно запирање на пандемијата, за повторно да си живееме како порано.
Различните слики со типични сцени од животот се комбинирани во видеото со читање на песна од Јиржи Волкер, чешки писател од почетокот на XX век од ткн. школа на пролетерска поезија. (На македонски во 1982 г. е објавена неговата книга „Сказни“).
Неговата оригинална песна вели (препев на македонски од Ана Пејчинова):
Nesmělé jitro do tváří nám dýchlo
snem volných lesů, luk a dálných hor.
Vše divnou vírou v duši naší ztichlo,
i bolest krvavá i těžký vzdor.Radostně klidni brouzdáme se bosi
chladící trávou, lesní přes pažit.
Osení stříbří slzy ranní rosy.
Snad plakali jsme, – ale teď chcem žít!
Плашливо утро во лице ни дише
Со сон на слободни шуми и дални гори.
Со чудна вера во душа ни се стиша
Цел тежок пркос и болка што крвари.Радосно, мирни се шетавме боси
По свежа трева, на шумски поток брег.
Расеани солзи се сребрат под роса.
И да плачевме, сакам да сум жив сега!
Во случајов, последната третина од оригиналната песма е заменета со слоган што промовира вакцинирање „A budeme. Tak jako dřív! Díky očkování“ што се преведува како „И ќе живееме! Токму ко порано! Благодарение на вакцините.“.
Видеото било гледано над 20.000 пати за помалку од два дена и било нашироко коментирано на сите највлијателни весници и веб-сајтови за вести. Главното прашање е дали ова ќе биде доволно да се убедат десетте милиони Чеси, од кои скоро две третини се против вакцинирањето, според последните анкити. И додека во март 2020 година Чешката Република често се споменуваше како една од ретките земји која ја ставила пандемијата под контрола, до есента таа стана земја со втора највисока стапка на инфицираност во светот.
Дали поезијата, тогаш, ќе биде доволна да се смени текот на епидемијата и намали сè уште високиот процент на инфекција?