Непознатата трагедија на 28-те мавритански војници кои беа егзекутирани на Денот на независноста

Кадар од екранот со 28-те војници кои беа егзекутирани на Денот на независноста – видео поставено од Ибрахима Соу.

Ноќта на 28 ноевмри 1990 се случи убиството на 28 внимателно одбрани мажи кои беа обесени еден по еден во затвор во Инал, Мавританија, од страна на нивните колеги војници, откако претходно беа обвинети за заговарање државен удар против владата.

Овој датум, кој исто така ја обележува и независноста на Мавританија од Франција во 1960, продолжува да прогонува дел од Мавританците кои бараат правда за брутално убиените 28 црномурести мажи.

Во западноафриканската нација Мавританија живее мешано арапско-берберско и црномуресто африканско население и групите за човекови права велат дека црномурестите Африканци долго време се цел на дискриминација и експлоатација.

Претседателот на Иналско-француската комисија, Јуба Дианка, објаснува:

Je tiens à préciser qu’Inal n’est qu’un exemple; il y a eu plusieurs Inal en Mauritanie. Des horreurs ont eu lieu à Azlatt, à Sory Malé, à Wothie, à Walata, à Jreida et dans toute la vallée. A l’intérieur de la caserne militaire d’Inal et environs, il y a eu des militaires écartelés, enterrés vifs, tués à bout portant, et pendus pour célébrer la fête de l’indépendance du pays en 1990.

Сакам да биде јасно дека Инал е само еден пример; имаше многу „Инали“ во Мавританија. Ужасни настани се случија во Азлат, Сори Мале, Вотие, Валата, Јреида и во долината. Внатре во воениот комплекс во Инал и околината, војниците беа притворани, закопувани живи, стрелани и бесени за прослава на независноста на државата во 1990.

На одбележувањето на Денот на независноста во 2018, мавританците обрнаа поголемо внимание на влезот на нивната фудбалска репрезентација во Африканскиот куп на нации (АКН) отколку на заборавените „војници [кои] лежат во неозначени јами… и сè уште чекаат пристоен погреб,” пишува Каав Елимане Билбаси Туре, уредник на мавританскиот новински сајт „Л фламбо“.

Кине-Фатим Диоп, директор за кампањи за Западна Африка во „Амнести интернешнл“, упати неколку забелешки поврзани со контрадикторноста во врска со она што треба да биде ден за славење и она што семејствата на жртвите всушност го чувствуваат:

Chaque année, pendant que les officiels célèbrent dans la joie l’accession à la souveraineté du pays, les familles des victimes pleurent et manifestent dans la tristesse pour demander justice et réparation. Face à elles, les autorités mauritaniennes s’efforcent d’ensevelir cette face hideuse de l’histoire, comme lorsqu’elles faisaient voter, en catimini en 1993, une loi d’amnistie confirmant l’amnésie de l’État sur les tueries des militaires il y a 30 ans.

Секоја година, додека властите со радост го прославуваат стекнувањето на независноста, семејствата на жртвите плачат и протестираат во тага за правда и обештетување. Властите само се обидуваат да ја закопаат оваа грозна страна на независноста, исто како што тајно го изгласаа законот за амнестија во 1993 потврдувајќи ја амнезијата на државата во однос на убивањата на војниците пред 30 години.

Форумот против неказнивоста и неправдата во Мавританија изрази тага особено поради трагедијата за двајцата браќа кои беа обесени на таа трагична ноќ:

Absolument, une malédiction gratuite s’était battue sur les 28 officiers noirs ce soir-là. Telle la pendaison de deux frères Diallo Oumar Demba et son frère Diallo Ibrahima qui portaient des numéros successifs écrits par le moyen d’un feutre. Triste mort que celle d’assister placidement à la mort de son frère aîné. Les bourreaux tuaient avec précision, d’ailleurs, ils ne se limitaient pas seulement-là, ils trainaient les pendus et s’asseyaient sur leur cadavre.

Апсолутно, таа ноќ падна клетва врз тие 28 војници. Како двајцата браќа, Диало Умар Демба и неговиот брат Диало Ибраима, коа беа обесени носејќи последователни броеви напишани на нив со пенкало. Она што целава работа ја прави потажна е тоа што нивниот постар брат моментот на нивната смрт на сопствениот постар брат. Џелатите прецизно си ја завршија работата, и всушност не застанаа со бесењето, туку ги влечкаa и седеa на нивните мртви тела.

Преживеаните зборуваат

Сведоштва од преживеаните продолжуваат да пристигнуваат и по 30 години.

Мамаду Су беше командант на ескадрила во мавритантската војска, потоа заменик-командир и конечно командир на база пред да биде уапсен таа ноќ.

Во неговата книга „Пекол во Инал“, објавена во 2000, тој ја опишува тортурата која ја преживеал, кога воени команданти му ги преврзале очите, му ги врзале рацете и нозете, и го фрлиле во нечиста, смрдлива вода.

Друг војник кој ја преживеал таа страшна ноќ успеал да замине во Франција на лекување по неговото време поминато во затвор, со помош на Христијанското здружение против тортура. Во неговото анонимно сведочење за расизмот кој тој го искусил за време на 24 годишната служба во војската, тој изјави:

Aussi loin que je remonte dans ma vie, depuis que j´ai commencé à comprendre, j´ai toujours constaté que les noirs n´avaient aucun droit, et que les Maures blancs étaient privilégiés. Chez nous, sur vingt ministres au gouvernement il y a un quart seulement pour les noirs, à l´armée, un seul Noir pour dix officiers. Dans un stage, si un Maure a mal travaillé, il l'emporte portant sur n´importe quel Noir. Et pas question de protester…

Колку што можам да се сетам, откако почнав да разбирам, секогаш забележував дека црномурестите луѓе никогаш немале никакви права, и дека белите мавританци се привилегирани. Овде, од дваесет министри во владата, само четвртина се црномурести, додека во армијата има само едно црномуресто лице на десет офицери. За време на стажирањето, ако бел мавританец не се претстави добро, тој сепак ќе ја добие работата пред кое било црномуресто лице. И не се ни осмелувајте да приговарате…

Тој ги опиша начините на тортура кои тој и други војници ги претрпеле:

Par exemple, on creusait des trous dans le sable, on nous enterrait jusqu´au coup, la tête immobilisée, le visage nu tourné vers le soleil. Si on essayait de fermer les yeux, les gardes nous y jetaient du sable. Ensuite on nous remettait nos bandeaux.

На пример, тие копаа дупки во песокот, не закопуваа до вратот, со фиксирана глава, со нашите голи лица свртени кон сонцето. Ако се обидевме да ги затвориме очите, стражарите ни фрлаа песок. И потоа ни ги врзуваа очите.

Маимуна Алфа Си, генерална секретарка на Здружението на вдовици и хуманитарни прашања, била во брак со Ба Баиду Аласан, бивши царински контролор. Алфа Си вели дека нејзиниот сопруг бил помеѓу жртвите кои настрадаа во 1990.

Nous avons fait trois mois et dix jours à la recherche de mon mari sans pouvoir le retrouver … La Douane nous a dit qu’il est mort d’un arrêt cardiaque, ce qui n’est pas vrai. Il y a des témoins qui ont été arrêtés, ligotés et torturés avec lui. Il a été tué devant ces gens-là.

Три месеци и десет дена го баравме мојот сопруг, но залудно … Цариниците ни рекоа дека починал од срцев удар, што не е вистина. Сведоците беа уапсени, врзани и мачени заедно со него. Тој беше убиен пред нивни очи.

„Да не се повтори“

На 28 ноември 2018, мавритански имигранти се собраа пред мавританската амбасада во Париз, Франција, во знак на протест против француското непочитување на овој трагичен настан.

Пратеникот Кардиата Малик Диало одржа извонреден говор во мавританскиот парламент за да ги спречи луѓето да заборават, обвинувајќи го сегашниот премиер дека ги заштитува сторителите, кои сè уште се на високи функции во државата додека, пак, правата на жртвите не се соодветно адресирани:

Même si votre pouvoir ne peut être tenu comme directement responsable de ces actes qui ont définitivement souillé le 28 novembre, il n’en demeure pas moins qu’il avait la charge de trouver une solution adéquate basée sur le droit des victimes à la vérité et à la justice … Les grandes nations et les grands peuples ne cherchent jamais à gommer un épisode sombre de leur histoire mais le matérialisent par des symboles visibles pour les maintenir dans la mémoire afin de dire « PLUS JAMAIS CA ». M. le Premier ministre, votre pouvoir a préféré poursuivre et parachevé un processus de marginalisation et d’exclusion.

Дури и ако не сте директно одговорни за настанот кој дефинитивно фрла дамка на секој 28 ноември, Вие сепак бевте одговорни за изнаоѓање на соодветно решение за правото на правда и вистина на жртвите … Големите нации и големите луѓе никогаш не се обидуваат да избришат темна епизода од нивната историја туку наместо тоа тие ја покажуваат на целиот свет за секој да ја запамети и да рече „ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ“. Господине премиер, Вашата моќ преферираше политики на маргинализација и исклучување.

Заклучно со октомври 2018, од 24 министерски места, само пет припаѓаат на црномурести лица или лица со мешано етничко потекло, кои претставуваат и до 70 проценти од населението. Мнозинството од населението сè уште е недоволно застапено помеѓу избраните претставници, припадници на безбедносните сили, претставници на државната и локалната власт.

Мавританија е последната држава во светот која официјално го укина ропството во 1981 но таквата одлука не беше применувана сè до 2007 и околу 20 проценти од населението сè уште живее во некаква форма на поробена сервилност, од кои голем дел се црномурести или лица со мешано етничко потекло.

Бидејќи овој историски расизам опстојува и во денешна Мавританија, правдата за преживеаните и нивните семејства останува далечна цел.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.