Ако сакате да дознаете што мислат #1од5Муслимани, не го прашувајте британскиот весник „The Sun“

Скриншот: Британската независна организација за стандарди во медиумите доби 450 поплаки за првата страна на весникот „The Sun“.
Британскиот таблоид „The Sun“ се соочува со огромна негативна реакција по објавувањето на сторијата на насловната страница на весникот со сомнително тврдење дека „1 од 5 британски муслимани’ имаат симпатија кон џихадистите“ во време кога исламофобијата е во пораст во Обединетото Кралство. Засега, објавата предизвика рекорден број од 450 поплаки испратени до Британската организација за стандарди во медиумите и популарен хаштаг, #1во5Муслимани, исмевајќи се со исламофобијата на весникот.
Од вкупното британско население од 64 милиони граѓани, околу 5% се муслимани. Таблоидот дошол до ова неверојатно тврдење по телефонска анкета на 1,003 муслимани спроведена од анкетната компанија „Survation“, во која учесниците биле замолени да одберат од листа на изјави (кои не вклучуваат „џихадисти”, иако овој збор се појавува на насловната страна на весникот).
Вкупно 71% одговориле дека тие „немаат симпатии кон младите муслимани кои го напуштаат Обединетото Кралство за приклучување на борците во Сирија”, и 9% рекле дека не знаат. Освен тоа, 15% рекле дека „имаат одредени симпатии кон младите муслимани кои го напуштаат Обединетото Кралство за приклучување на борците во Сирија” и 5% изјавиле дека имаат „големи симпатии кон младите муслимани кои го напуштаат Обединетото Кралство за приклучување на борците во Сирија.”
„The Sun“, кој е весникот со најголема дневна циркулација во Велика Британија, ги додал двете последни групи заедно за да дојдат до 20%, или 1 од 5.
Но многумина, вклучувајќи медиумски работници и муслимански лидери, аргументираа дека користењето на терминот „симпатија” е нејасно. Не е јасно и за кои „борци во Сирија” се зборува — оние кои се борат за ИСИС, познати и како Даеш, оние кои се борат против ИСИС, или оние кои се борат против режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Други критики беа упатени и на методологијата на „Survation“, која вклучувала вртење на телефонските броеви на луѓе со „муслимански презимиња”, и недостатокот на контролна група да се види како луѓето од други вери одговориле на истите прашања. „The Sun“ првично пристапиле кон друга анкетна компанија, кои одбиле да ја спроведат анкетата бидејќи, според британскиот Гардијан, „не можеме да бидеме сигурни дека прецизно ќе ја претстави британската муслиманска заедница во временската рамка и буџетот определени од весникот.”
Малку хумор за борба против исламофобијата
Исламофобијата е во пораст во Велика Британија. Според последните бројки, има 300 процентно зголемување на злосторствата од омраза и исламофобија во неделата по нападите во Париз. Овие бројки беа објавени од Tell Mama Helpline (Тел Мама Хелплајн), организација која ги мери антимуслиманските напади, и вербални и физичи, низ целата држава. Според извештајот, кој беше подготвен за владината работна група за антимуслиманска омраза:
Повеќете жртви на злосторства од омраза во Велика Британија биле муслимански девојки и жени на возраст од 14 до 45 години во традиционални исламски облеки. Злосторниците главно биле бели мажи на возраст од 15 до 35 […] пријавените напади биле на јавни места, вклучително автобуси и возови. Трисет и четири жртви биле жени кои носеле хиџаб, додека осум вклучувале мали деца.
Во меѓувреме, корисниците на Твитер низ целиот свет се исмеваа со насловната страница и сторија на „The Sun“ користејќи го хаштагот #1од5Муслимани и нудеа сомнителни, но многу посмешни тврдења за муслиманите.
#1од5Муслимани е во брак со нивен братучед. Другите четворица многу се трудат да го сторат истото.
— Самад Курам (@SamadK) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани е во брак со нивен братучед. Другите четворица многу се трудат да го сторат истото.
— Самад Курам (@SamadK) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани одат во џамија само за Рамазан. Да се социјализираат и да добијат бесплатен оброк.
— Хајдер ал-Коеи (@Hayder_alKhoei) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани одат во џамија само за Рамазан. Да се социјализираат и да добијат бесплатен оброк.
— Хајдер ал-Коеи (@Hayder_alKhoei) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани се Французи… ако дадат гол. Ако не, тие се Арапи. pic.twitter.com/YY4h7CYbOG
— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани се Французи… ако дадат гол. Ако не, тие се Арапи. pic.twitter.com/YY4h7CYbOG
— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани ја освоиле Нобеловата награда пред да можат да се запишат на колеџ pic.twitter.com/5YSU50ZOIF
— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани ја освоиле Нобеловата награда пред да можат да се запишат на колеџ pic.twitter.com/5YSU50ZOIF
— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани веројатно го користат ова на работа. Особено во #Дубаи pic.twitter.com/FJO6nrhJW6
— Ентони Пермал (@anthonypermal) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани веројатно го користат ова на работа. Особено во #Дубаи pic.twitter.com/FJO6nrhJW6
— Ентони Пермал (@anthonypermal) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани имаат односи, пијат алкохол, пушат марихуана, но не би се доближиле до чипс со вкус на сланина бидејќи тоа е харам братче…
— Маз Бонафиде (@MazBONAFIDE) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани имаат односи, пијат алкохол, пушат марихуана, но не би се доближиле до чипс со вкус на сланина бидејќи тоа е харам братче…
— Маз Бонафиде (@MazBONAFIDE) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани се омилената тинејџерска симпатија на вашата ќерка pic.twitter.com/8WU0nEY17L
— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани се омилената тинејџерска симпатија на вашата ќерка pic.twitter.com/8WU0nEY17L
— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015
#1од5Муслимани имаат тајно милениче кое изгледа вака. pic.twitter.com/h7lsH2uXoi
— Муслимерикан (@FaheemYounus) 23 ноември, 2015
#1од5Муслимани имаат тајно милениче кое изгледа вака. pic.twitter.com/h7lsH2uXoi
— Муслимерикан (@FaheemYounus) 23 ноември, 2015
Се чини дека корисниците уживаа во овие хумористични одговори:
Го обожавам начинот на кој „twitterati“ (твитерџиите) почнаа да одговараат на навредувачките факти многу подобро од тролање или навреди #1од5Муслимани
— Рана Сафви رعنا राना (@iamrana) 24 ноември, 2015
Го обожавам начинот на кој „twitterati“ (твитерџиите) почнаа да одговараат на навредувачките факти многу подобро од тролање или навреди #1од5Муслимани
— Рана Сафви رعنا राना (@iamrana) 24 ноември, 2015
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!