Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Револуцијата во Тунис во 2011 година.
Од 20 до 22 октомври за време на тридневното гласање на дијаспора од Тунис, туниските гласачи во Франција се придружија на „Клубот Синиот прст.“ Фејсбук и Твитер се преплавени со слики со сини прсти обоени со мастило, доказ дека тие – мнозинството за првпат во нивниот живот – ги дадоа нивните гласови и се дел од избирачкиот клуб на предврмени гласачи на историските туниски уставни избори што беа кулминација на револуцијата во Тунис.
Еден од новите членови на клубот, @Sonia_72 е воодушевена:
A voté, le cœur léger, un ciel bleu d'espoirs au bout du doigt, Youhouuu !
Мобилните телефони беа забранети за време на гласањето. Додека стоеше во редицата, Емна Ламин ја направи оваа фотографија во нејзината избирачка единица, во северното предградие на Париз. Ја потврдува големата излезеност на гласачите од дијаспората:
Les urnes pleines!
Како резултат на тоа, „сините прсти“ се пробија како печурки на социјалните мрежи во Франција. Сликата подолу од фото галеријата на Фејсбук на Емна Бен Јема „Јас гласав. А ти?“ беше објавена во медиумите ширум светот. Потребни се илјадници зборови за да се изрази длабоката емоција што ја почувствувале Тунижанците кога добиле можност да гласаат демократски.
Исто така беше креиран и блог на Тумблр каде новите гласачи можат да ги прикачат сликите од нивните сини прсти. Подолу има неколку прилози.
За да ја слика нејзината слика на годината, некој го вперил прстот кон Ајфеловата кула :
V што означува победа, гласа:
Некој прати и лична порака до поранешниот претседател Зеин Ал Абедин Бен Али:
Во Франција групата сини прсти се здоби со прекарот „Штрумфови“. Небескиот танцувач повторно се чувствува како дете.
Ветување во Фотошоп е испратено преку средоземното море до Тунис каде гласњето започна денес (23 октомври).
Во меѓувреме двајца млади граѓански новинари, Линда Ел Авадеј и Елеонор Боунхју собраа видео сведочења од гласачите во Париз:
Во саботата Зиед Мирши (@Zizoo) ја изусти оваа желба:
Се надевам дека секој во неговиот живот, живее денови како овие, месеци како овие, револуција како оваа #tunisia# tnelec
Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Револуцијата во Тунис во 2011 година.