Запознајте ја блогосферата во Северен Кавказ

The Caucasus Network, 10 June 2013, photo by Sergey Ponomarev.

Кавкаска мрежа, 10 јуни 2013, фотографија на Сергеј Пономарев.

Ова е вовед во пошироката студија на RuNet Echo за блогосферата во Северан Кавказ, Русија. Проучете го целосниот извештај и личните приказни на веб страната The Caucasus Network. 

Мари Басташевски и Сергеј Паномарев изработиле серија од текстови и видеа за да ја опишат блогосферата во Северен Кавказ, Русија. 

Додека постојат студии кои ги обработуваат темите за употребата на виртуелниот простор низ цела Русија (Беркман Центарот за интернет и општество од Харвард има направено вредни студии на оваа тема), сепак виртуелно не постојат достапни информации за блогосферата во Северен Кавказ. Колку е слична онлајн динамиката во тој регион со она што постои во другите делови на Русија и низ светот? До кој степен блогосферата во Северен Кавказ навистина припаѓа кон „RuNet”?

Методологија

Уникатноста и новитетот кај оваа студија е дека ги рефлектира разликите во руската блогосфера кои се меѓу етничките Руси и блогерите од Северен Кавказ. Условите, темите, пристапот до Интернет како и активизмот на граѓаните на интернет варираат многу, особено ако се направи споредба меѓу Русите и блогерите од Северен Кавказ.

Во студијава нашите истражувачи се концентрираа на регионот околу петте клучни руски републики: Чеченија, Ингушетија, Дагестан, Кабардино-Балкарија и Осетија. Студијата исто така посочува на најпопуларните блог медиуми во Северен Кавказ: споделување на фотографии, микро-блогирање, обновување на статуси, водење на дневник, организација во групи и независно блогирање. Методите со кои се користат Басташевски и Паномарев се интерактивни, вклучуваат индивидуални интервјуа со блогерите како и опсервација и фокусирање на интерпретативни текстуални анализи. Паномарев за време на истражувањето патувал низ регионот со цел директно да се сретне со различни популарни блогери.

Интерактивно истражување

Басташевски и Паномарев идентификувале и интервјуирале влијателни и претставителни блогери од целиот социјален спектар во регионот, собирајќи податоци за индивидуални но и колективни приказни, а интервјуата биле составени од полуструктурирани и отворени прашања.

Опсервациско истражување

Проектот исто така вклучува длабока содржинска анализа на најпопуларните блогови од овој регион, проучување на популарните платформи со посебен фокус на податоци преземени од LiveJurnal. Во овој сегмент на истражувањето Басташевски разговара со ИКТ експерти со цел да ја опфати и внатрешната перспектива.  

Додека студијата не е базирана на научни аргументи, проектот се концентрира на индивидуалци кои преку личните приказни на целата студија и даваат еден поинаков тип на тежина. Како квантитативната работа на RuNet и овој проект ја мапира блогосферата во Северен Кавказ, но неговата методологија е квалитативна и интерпретативна.

Резиме

Блогосферата во Северен Кавказ е хиперактивна и брзорастечна заедница која во изминативе две години претрпела многу промени и драстично се шири.

Набрзо по преминувањето во новиот век откако големите градови се префрлија на онлајн, блогирањето во Северен Кавказ стана најширока форма на изразување. Градејќи видливост уште за време на постоењето на интернет кафеа, првите нетизени во регионот најчесто биле мажи кои интернетот го употребувале за компјутерски игри, четување и разменување на мултимедијални содржини. Овој тренд кој се уште е екстремно популарен забележува поголема промена со воведувањето на 2Г и 3Г мобилните апарати, а со тек на развивање оваа интернет-корисничка култура станува се поважна во Русија.

Поврзаноста меѓу руската и интернет култура во Северен Кавказ има смисла ако се земат предвид националните граници и телекомуникациските практики, но блогосферата останува многу различна. Двете заедници го делат истиот јазик исто како што користењето на англиски во Европа и САД било изгласано на одредени блогерски конвенции.

Блогерите во Северен Кавказ регуларно ги забележуваат расизмот и непријателството од руската онлајн заедница (насочена кон Северен Кавказ) и отворено покажуваат дека сакаат да се дистанцираат од блогосферата на руски јазик, додавајќи дека најубаво би било кога би можеле да пишуваат на друг јазик кој ќе биде разбран нашироко.

Засега, блогерите од Северен Кавказ најчесто пишуваат на руски јазик кој го користат затоа што така можат да допрат до најголем дел од публиката, а изборот на јазик не значи дека блогерите од регионот сакаат да остварат дијалог со етничките Руси. Едноставно, рускиот јазик е најразбирливиот јазик за најголем дел од блогерите во Северен Кавказ затоа што мајчините јазици од тој регион се ретки надвор од истиот.

Уште една последица за затегнатите односи меѓу Русите и жителите на Северен Кавказ е и културата на коментирање на Русите, која најчесто е расистичка и агресивна во однос на оние кои се со потемна боја на кожата.

Голем дел од мнозинството на блогерите во Северен Кавказ го употребува LiveJournal како главна платформа, и додека регионот ја ужива просперитетната (која навистина расте) „ехо комора“ на споделен и ретвитнат материјал, голем дел од содржината на заедницата е оригинален. Најголем дел од материјалите содржат текст, но фото-блогирањето станува се попопуларно.

Цензурата и самоцензурата преовладуваат, а обично агентите за надгледување и цензура се личности кои се посредници и одговорни за менаџирање на платформите за блогирање во регионот- додека луѓето кои имаат бизнис интереси во блогосферата си остануваат стабилни. Полицијата и другите одговорни служби индиректно се мешаат во нетизенската содржина преку манипулирање на ИКТ експертите кои за возврат интервенираат против блогерите. Басташевски интервјуирал индивидуи инволвирани во овој процес.

Општи наоди 

Во однос на големина и влијание, Дагестан доминира во регионалната блогосфера, по него доаѓаат Ингушетја и Чеченија, а на крај се Осетија и Кабардино-Балкарија. Блогерите од регионалната онлајн заедница се автори на најголем дел од содржината дополнета со фотографии и други материјали.

Блогосферата во Северен Кавказ е тесно поврзана заедница, а голем дел од активните членови се заинтересирани за локалните проблеми во регионот и недостатокот на вистинска национална и глобална застапеност. Тие велат дека основата на нивните грижи и предметите на кои пишуваат заедно со методите за блогирање кои ги користат не се ништо по различни од оние кои што може да се сретнат во блогосферата низ светот.

Интервјуираните блогери од Северен Кавказ велат дека би имале интеракција со други нетизени од регионот и државата, но претпоставуваат дека нивната активност нема никаков интерес за аутсајдери.

Оваа студија истражува како блогирањето – како медиум создаден за безгранична размена може да доведе до изолација и локализација на Северен Кавказ. Како анкета на регионалната онлајн заедница овој материјал треба да помогне на секој кој сака да научи нешто за Северен Кавказ. Ова истражување ги сплотува регионалните блогери директно, правејќи разлика меѓу анализите на многу странски експерти кои често пишуваат само за културата и политиката во регионот без интеракција со поединци од таму, ниту пак посетувајќи го местото.

Студијата посочува на најчестите и погрешни стереотипи за Северен Кавказ, откривајќи и претставувајќи ја нормалноста која стои зад егзотичноста и замислените разлики кои се популарни во мејнстирм сториите за културата во регионот и нетизените.

Ова е вовед во пошироката студија на RuNet Echo за блогосферата во Северан Кавказ, Русија. Проучете го целосниот извештај и личните приказни на веб страната The Caucasus Network. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.