Овој напис е напишан од Калид Ибрахим, извршен директор на Центарот за човекови права Залив, независна, непрофитна организација која ја промовира слободата на изразување, здружување и мирните собири во регионот на Персискиот Залив неговите соседни држави.
Поминаа 150 дена од притворот на јеменскиот политички аналитичар и блогер Хишам ал-Омеиси од страна на бунтовниците Хути.
Околу 14:45 на 14 август 2017, група офицери за безбедност од Националната агенција за безбедност контролирана од Хутите (НАБ) го уапси Хишам ал-Омеиси во областа Јавлат ал-Мисбахи во главниот град Санаa.
Според еден локален новинар, Ал-Омеиси бил уапсен заради размена на имејл адреси на англиски јазик со организации со седиште во САД. Иако поминаа 150 дена од апсењето на Ал-Омеиси, тој сѐ уште е на тајна локација и не е обвинет, а тоа е прекршување на интернационалното како и на правото во Јемен.
Откако е уапсен, тој е држен во изолација и нема пристап до адвокат ниту до својата фамилија. Сето ова води кон тоа дека Ал-Омеиси станал жртва на принудно исчезнување, нешто на кое многу други Јеменци биле натерани, или од раката на Хутите или од страна на коалицијата предводена од Саудијците кои се борат против нив.
Членовите на неговата фамилија – вклучувајќи ја и неговата жена и двата мали сина, Калед и Саиф – се загрижени за неговото здравје и безбедност.
Пред скоро три години, државата западна во вооружен конфликт каде бунтовниците Хути се бореа да ја преземат моќта од рацете на меѓународно признаената влада на предсетадтелот Абдрабух Мансоур Хади, кој е поддржан од коалицијата предводена од Саудијците. Силите верни на екс-председателот Али Абдула Салех (кој беше симнат од власт по уличните протести во 2011 год.) се бореле против Хутите, додека Салех не го смени својот став и повика на дијалог со Саудиска Арабија. На 4 декември 2017, Хутите го убија Салех.
Јемен сѐ уште има маки од парализирачката граѓанска војна и регионалниот конфликт кој резултираше со огромна хуманитарна и здравствена криза, со повеќе од милион Јеменци заболени од колера. Поборниците документираа огромни прекршоци на човековите права од страна на сите партии кои се борат во граѓанската војна која е во тек.
Пред да го притворат, Хишам Ал-Омеиси без влакна на јазикот зборуваше за моментниот конфликт во Јемен.
Преку неговиот Твитер профил, и неговите придонеси кон интернационалните медиуми, тој даде коментари и анализи за јеменскиот конфликт и известуваше за дневните случувања вклучувајќи ги и воздушните напади од коалицијата на Саудијците.
Saudi Co & #Yemen gov say Sana'a airport closed out of concern for safety of planes. That's codswallop, THEY ARE ONES BOMBING for 2+ years. pic.twitter.com/mPxt5XdLsI
— Hisham Al-Omeisy (@omeisy) August 11, 2017
Саудиската коалиција и Jемен владата велат дека аеродромот во Санаa е затворен заради загриженоста за безбедноста на авионите. Тоа се живи глупости. ТИЕ СЕ ОНИЕ КОИ БОМБАРДИРААТ повеќе од 2 години. [#Yemen] Јемен
Тој исто така ги осуди прекршоците направени од различните завојувани партии и се огласи за хуманитарниот удар врз конфликтот:
Was shown cholera cases tracker in #Yemen (figures in chart from last week – now 500K cases). Steady & steep increase is scary! pic.twitter.com/ec9yjJts6n
— Hisham Al-Omeisy (@omeisy) August 11, 2017
Ми беше покажан трагач на случаи со колера во Јемен (бројките во табелата се од минатата недела – сега повеќе од 500 илјади случаи). Бавниот и стрмен пораст е страшен! [#Yemen] Јемен
Пред да го уапсат на 12 август, тој твитна и на арапски и на англиски за „корумпирани функционери“ кои конфискувале имоти со сила во главниот град Санаа, кој е под контрола на Хутите.
Armed goons backed by corrupt officials are forcefully taking real estate properties in Sana'a. They just showed up at my door. #Yemen
— Hisham Al-Omeisy (@omeisy) August 12, 2017
Вооружени напаѓачи со поддршка од корумпирани функционери насилно одземаат имоти во Санаа. Само што се појавија кај мене пред врата. [#Yemen] Јемен
Апсењето и притворот на Хишам ал-Омеиси е само уште еден пример за малтретирањата и таргетирањето на бранителите на човековите права и новинарите во Јемен при нивните обиди да привлечат внимание кон моментниот конфликт и кои се стремат кон унапредување и заштита на човековите права.
Центарот за човекови права Залив (ЦЧПЗ) изразува сериозна загриженост за здравјето и безбедноста на Хишам ал-Омеиси, посебно бидејќи е изолиран од комуникација на тајна локација. ЦЧПЗ е уште позагрижен за ситуацијата на сите оние во Јемен кои се мета како резултат на легитимното известување за конфликтот.