Приказните за животот во Западна Сахара – отфрлена територија под контрола на владата на Мароко – ретко ги раскажуваат луѓето што живеат таму.
Во милитаризирана околина со агресивни контроли на медиумите и граѓанското известување, малку приказни за Западна Сахара стигнуваат до публиката подалеку од непосредно блискиот регион. Но, еден нов документарен филм кој ја прикажува борбата на една независна медиумска група при документирање прекршувања на човековите права во Западна Сахара има можност да го смени сето ова.
Светската премиера на филмот „Три украдени камери“ [3 Stolen Cameras] се прикажа на ДОК – Филмскиот фестивал за документарни филмови во Лајпциг, Германија минатиот ноември, и покрај заканите за цензура и предизвиците со финансирањето.
Краткиот филм од 17 минути, во продукција на медиумската група на Западна Сахара „Екип Медиа“ и филмскиот продуцентски колектив со седиште во Шведска „РаФилм“, е и од и за „Екип Медиа“. Во него се прикажани снимки направени од „Екип Медиа“ во Западна Сахара од 2009 година, но беше монтиран и повторно продуциран во Шведска.
Филмот ѝ овозможува на публиката одблизу да ја види Западна Сахара под окупација од Мароко низ објективот на „Екип Медиа“ при нивното снимање протести и собирањето сведоштва за злоупотреба на човековите права, често при криење или бегање од полицијата.
Конфликтот во Западна Сахара датира од 1975, кога бившата колонијална сила Шпанија се повлече од малку-населената територија, а споените сили на соседната Мавританија и Мароко ја презедоа контролата. Мавританија по некое време се повлече од Западна Сахара, а мароканските сили до денешен ден сè уште ја контролираат територијата која понекогаш се нарекува „последна колонија на Африка“. Бунтовничката група позната како Полисарио Фронт шестнаесет години водеше герила војна против Мароко за независност, се додека примирјето изнајдено од ОН не стапи во сила во 1991 год. ОН го признава Полисарио Фронт како легитимен претставник на народот Сахрави, мешана етничка заедница која живее главно во Западна Сахара и Мавританија.
3 Украдени Камери – Краток промотивен запис од РаФИЛМ на Вимео.
Идејата за филмот
„3 украдени камери“ се најде на филмскиот фестивал во Лајпциг по неколку години макотрпна работа низ повеќе држави, јазици и правни пречки.
Пред неколку години, „РаФилм“ и „Екип Медиа“ се споија преку локална мрежа за солидарност на Западна Сахара. Кратко по објавувањето на палесинскиот документарен филм „5 скршени камери“, кој беше номиниран за Оскар во 2013 година, дојде и идејата за „3 украдени камери“.
Додека приказната во „5 скршени камери“ се врти околу уништувањето на камерите на палестински земјоделец и активист при неговиот обид да сними протест во неговот село против конфискувањето на земјоделска земја од страна на Израел, филмот за народот Сахрави се врти околу 3 камери на активисти на „Екип Медиа“ кои биле конфискувани од страна на мароканската власт додека снимале протести во Западна Сахара. Двата филма делат приказна за маките да се документираат и осветлат прекршувањата направени за време на окупацијата.
Проблеми со финансирањето
Како продукција на медиумска група на активисти кои ги предизвикуваат наративите на владата на Мароко во врска со Западна Сахара, тимот зад „3 украдени камери“ во некои моменти се најде во пропагандна замка, каде подземното новинарство на „Екип Медиа“ и други против-наративи се отфрлени како лични интереси. И покрај фактот што отфрлањето на таков клучен против-наратив само ја засилува едностраната мароканска блокада на информации поставена во името на неутралноста, продуцентите на филмот имаа проблеми со финансирањето.
Ана-Клара Ахрен, една од шведските корежисери на „3 украдени камери“, ни го опиша искуството на „РаФилм“ со ова кога се пријави за спонзорство за „3 украдени камери“:
Sometimes it was like those funders requested that RåFilm would take it over completely, like they hoped that we would make something more artsy and less political from it. To me that would be such a weird thing to do with a powerful material like this.
Понекогаш беше како тие финансиери да бараа „РаФилм“ целосно да го преземе, како да се надеваа дека ние ќе направиме нешто поуметничко и помалку политичко од него. За мене, тоа ќе беше многу чудно нешто да се направи со ваков моќен материјал.
Таа додава:
We participated with Equipe Media in a panel together with some Arab Spring journalists and it is striking how they are all really activists at the same time. But here in Sweden it’s like you can’t, it’s something frowned upon being an activist when you work with media. That’s actually really absurd when considering that we are supposed to be the democracy here!
Со „Екип Медиа“ учествувавме на панел заедно со неколку новинари од Арапската пролет и е вчудоневидувачко како истите се во исто време и активисти. Но овде во Шведска, како да не можеш, тоа е нешто за кое добиваш чуден поглед ако си активист кога работиш со медиумите. Тоа всушност е навистина апсурдно, земајќи предвид дека ние треба да сме демократијата овде!
Цензура на меѓународниот филмски фестивал во Бејрут
Во октомври 2017 година, Меѓународниот филмски фестивал во Бејрут (БИФФ) најави дека ќе биде домаќин на светската премиера на „3 украдени камери“. Ова беше голема победа за режисерите на филмот, бидејќи „3 украдени камери“ е наменет за арапска публика, со нарација од стандарден глас што говори Арапски.
Но набргу, персоналот на фестивалот почна да изразува грижа за тоа дека филмот може да биде цензуриран. Според продуцентите на филмот, персоналот на БИФФ ги убеди претставниците на „Екип Медиа“ да не присуствуваат на фестивалот, од страв дека ова може да привлече несакано внимание кај властите.
Најпосле, два дена пред прикажувањето, фестивалот објави дека „3 украдени камери“ не добил одобрување од Либанскиот цензор и поради тоа ќе биде откажан. Режисерите не ги примија овие вести од персоналот на фестивалот, туку налетаа на следнава изјава на страницата на БИФФ:
We are saddened to announce that “3 Stolen Cameras” from the Rejection Front – Public Square selection has been censored and hence will not be shown
Со тага изјавуваме дека „3 украдени камери“ од селекцијата на Фронтот на одбивања – Паблик Сквер е цензуриран и нема да биде прикажан.
Фестивалот не сподели дополнителни детали за причината или за тоа кој стои зад оваа одлука за цензурирање.
Продуцентите на филмот велат дека владата на Мароко им вршела притисок на либанските власти за да го цензурираат филмот. Локалните медиуми во Мароко објавија дека амбасадорот на Мароко ставил под притисок шест различни оддели од владата на Либан за да го забранат прикажувањето. Сите шест послушале и побарале фестивалот да ја откаже премиерата.
Локалната новинска веб-страница Ie360.com го опиша филмот како „поткопување“ на правото на Мароко на Западна Сахара и алудираше на тоа дека филмот бил всушност наместен и снимен во Алжир (кој го поддржува Полисарио Фронт). Написот не ги спомена „Екип Медиа“ и „РаФилм“.
Како коментар за медиумската покриеност на филмот од страна на мароканските медиуми и неговата цензура во Либан, Ана-Клара вели:
In my mind censorship has a very negative connotation so if imagining myself in the role of the censoring power I assumed it’d be something you want to keep quiet. Interestingly, to Morocco that wasn’t the case at all, it was more like they were bragging and detailing how they went about it.
Според мене, цензурата има многу негативна конотација и ако се замислам себеси во улога на цензорска власт претпоставувам дека би било нешто за кое би сакале да не се знае. Интересно е што тоа не беше случај со Мароко, дури беше како да се фалат и како да опишале до најситен детаљ како го извеле тоа.
Во нашиот разговор, Ана-Клара рече дека реакцијата на мароканската влада за „3 украдени камери“ треба да биде доказ за квалитетот на нивниот проект.
Цензурата на филмот во Либан само ја зголеми интригата кај јавноста за филмот. По инцидентот со БИФФ, 20 интернационални филмски фестивали потпишаа петиција во знак на протест против цензурата на „3 украдени камери“.
Набргу потоа, Фестивалот на документарни филмови во Лајпциг „ДОК“ стана официјалниот домаќин на светската премиера на „3 украдени камери“. Иако ова не го претстави филмот на арапската публика за која беше наменет, ДОК Лајпциг беше сепак престижна алтернатива. „3 украдени камери“ беше добро прифатен од публиката и беше номиниран во натпревар за најдобар краток филм. За некое време, откако фестивалите ќе ја добијат шансата за екслузивна премиера, филмот ќе биде достапен и за гледање преку Интернет и потоа конечно ќе биде претставен и на локалната публика во Западна Сахара.