Хумористичните политички карикатури претставуваат издувен вентил за Колумбијците и Венецуелците кои се вклучуваат на веб поради различни перспективи за тековните настани преку онлајн анимирани веб шоуа.
Во Колумбија, Internautismo Crónico (Хроничен интернаутизам) и Пародарио ТВ обезбедуваат коментари за најновите настани, а во Венецуела Чигуире Биполар се етаблираше со Претседателски остров. Додека, Интернаутизмот нема специјални серии за дискусија на политички работи, туку само ги поставува ликовите во различни ситуации како што се појавуваат, Пародарио.тв го изгради своето име преку Малиот тиранин, веб шоу кое прикажува две верзии на тиранија: десно крило и лево крило, претставени со зелен и лев карактер. Венецуелскиот Претседателски остров, ја зема како пример телевизиската серија ИЗГУБЕНИ, и ги следи латино-американските претседатели и шпанскиот крал како заедно протерани на пуст остров. Следува селекција од шоуто.
Во оваа епизода од Интернаутизмо, претседателите на Венецуела, Колумбија и Еквадор одат заедно во популарното перуанско шоу од 90те години, Лаура во Америка, шоу слично на Шоуто на Џери Спрингер, кај кое измамата, неверството и мистериозните бебиња се појавуваа секојдневно. Шоуто се нарекува „Не се согласувам со моите соседи и тие сакаат да ме убијат” и Алваро Урибе, претседателот на Колумбија, и го раскажува на Лаура неговиот проблем со Хуго Чавез, претседателот на Венецуела, кој негира дека колумбијските непријатели ги снабдувал со ракетни лансери (признавајќи дека им дал многу други работи), додека подоцна , еквадорскиот претседател, Рафаел Кореа, негира дека спиел со Револуционерните вооружени сили на Колумбија (FARC), иако постои тајна снимка за тоа. На крајот, гостите во Лаура во Америка ги добија традиционалните награди на шоуто: кошничка со сендвич и часови за компјутери.
Во меѓувреме Малиот тиранин, цртаниот филм на Пародиарио, забавува со неговите визии за тоа како лошото лидерство не е поврзано со бојата на една партија. Популарноста на овој цртан (објавен под Криејтив Комонс лиценца) резултираше со продажба и промоција во колумбиските книжарници и музички продавници, на ДВДто со двете сезони од шоуто. Во оваа епизода од Малиот тиранин, базирана на популарната колумбиска детска песна “Rin Rin Renacuajo”, левиот и десниот тиранин откриваат како да бидат поткажувачи и во меѓувреме учат важни лекции, како на пример како плаќањето однапред може да направи голема разлика.
На страната на Венецуела, прилично забавниот Претседателски остров, прикажан од страна на Чигуире Биполар, ни покажува покомплексна врска помеѓу латино-американските земји. Во оваа епизода во два дела, претседателите се исфрлени на пустиот остров, откако го напуштаат претседателскиот самит. Градат сплав и одлучуваат да го напуштат островот, но сепак не ги собира сите на него, па како што предложува претседателот Чавез од Венецуела, се одигрува фудбалски меч помеѓу здружените и нездружените земји, а победникот го напушта островот. Играта е коментирана од Кралот на Шпанија. Погледнете го првиот и вториот дел.
И како додатен-клип, еве ја Илустрираната историја на Венецуела од РетроТВ од Баринас, Венецуела: