Виртуелни тајни Дедо Мразовци – Глобал Војсес

GV Secret Santa

Тајна порака од еден од виртуелните Дедо Мразовци на Глобал Војсес во Индија до неговата „жртва“ во Германија

Една од побудалестите традиции за Божиќ е да се почести некој (анонимно) со изненадувања во текот на месецот декември. 

Околу 20 автори и преведувачи на Глобал Војсес оваа година се пријавија да постанат „Тајни Дедо Мразовци“ за некој колега од Глобал Војсес. Имавме весела енергија која патуваше преку интернеттот од Египет до Етиопија, Пакистан до Бразил, Индија до Германија. 

Но, како да се одржи нешто виртуелно во тајност цел месец, испраќајќи пораки без да се открие идентитетот? Еве неколку совети од оние кои се обидоа и успеаја! 

Создадете нова имејл адреса и/или профил на Твитер за пораки од Дедо Мраз до вашата „жртва“. Потоа помислете на сите опипливи и неопипливи работи кои може да и ги испратите. Изненадете ја со плејлиста на песни, поеми или сертификат со награда преку имејл. 

Дајте и на вашата жртва интересно навестување за идентитетот на Дедо Мраз. Пратете и пораки на различни јазици за да ги замаскирате вашите траги. Купете порадоци од локален онлајн продавач за да ја замаскирате вашата локација. Испратете и рингтон. Нацртан портрет. Електронски честитки. Ретвитајте ги нејзините твитови. 

И секако, секогаш постои можноста да испратите картичка или подарок по пошта. Но, внимателно ослонете се на интернационалните поштенски услуги, во спротивно може да видите порака како оваа: 

Мојот Дедо Мраз ме заборавииии

На крајот, целата работа и нема толку врска со Божиќ (кој неколку од Дедо Мразовците не го ни прославуваат), туку повеќе со инспиративно пријателство и заедница преку границите и уживање во можноста да се биде креативен. 

Од сите оние кои не беа „заборавени“ Дедо Мразовците на Глобал Војсес добија одлични пофалби: 

Мојот Дедо Мраз беше екстремно досетлив и ми исраќаше интересни навестувања за себеси и од каде доаѓа. Многу многу креативно. Ми се допадна целото искуство 🙂 

Мојот Дедо Мраз е најневеројатниот кој некогаш сум го имал. Ме насмевна преку промислени подароци и пораки. Работата е.. се уште не знам кој е тој/таа!!! Појависе драг Дедо Мраз! 🙂 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.