Утрото на 7 јануари во една тивка улица во Париз, двајца мажи наоружани со автоматско оружје убија 12 луѓе и тешко повредија уште четворица во напад врз канцеларијата на француското списание Шарли Ебдо. Неколку години, неделникот добивал закани од екстремисти од целиот свет поради дрската и често навредлива сатира.
На еден од транспарентите на мирните протести, што спонтано започнаа низ Париз по нападот, пишуваше дека планираниот напад „убил 12 и повредил 66 милиони” граѓани. Во Франција, шокот што следеше по масакарот беше уште поголем поради фактот што четири декади, петте карикатуристи беа земани здраво за готово, како дел од француската култура исто како што се криновите во мај или Денот на Бастилја. Кабу, Волински, Шарб, Оноре и Тињуз беа „безобразните чичковци” што се шегуваа на сечива сметка. Нивниот непочит немаше граници; можеа да ги насмеат и тинејџерите и бабите и дедовците, а во исто време и да ги навредат. Секогаш претеруваа, поместувајќи ги границите на она што може да се исмее, со посебна склоност кон религиозната сатира.
Главниот уредник Шарб, чие целосно име е Стефан Шарбоние, бил под полициска заштита, а неговиот телохранител бил убиен заедно со него во нападот. Подолу стои една изјава на Шарб од 2012 што трагично ги претскажува настаните што ќе се случат:
Блогерот @Le_M_Poireau го оплака Кабу:
Je pense à l'homme si doux qu'était Cabu et je pleure. #CharlieHebdo
— Charlie Poireau (@Le_M_Poireau) enero 7, 2015
Мислам на милата душа Кабу и плачам #CharlieHebdo
Додека лажен профил на Господ го потсети светот за загубата со мала доза хумор:
Je viens de recevoir plein de dessinateurs géniaux au paradis. Ils me dessinent à poil et on se marre. Désolé qu’ils soient plus avec vous.
— Dieu Officiel (@DieuOfficiel) 7 Janvier 2015
Само што пречекав четворица славни карикатуристи во рајот. Тие цртаат голи и ептен ни е јако. Жал ми е за вас на земјата што ги изгубивте.
Нема што повеќе да се каже, а за што не било веќе зборувано на широко во медиумите и на социјалните мрежи. Затоа, еве неколку од највулгарните карикатури што ги објавил Шарли Ебдо, како и неколку слики што кружат на интернет во чест на убиените карикатуристи. Како што напиша Шапат, карикатурист-сонародник Французин, во својата ин мемориам карикатура : „Без хумор, сите ќе сме мртви“.
Неколку од контроверзните карикатури на списанието што ја имаше религијата на нишан:
На последната насловна страна пред нападот, Шарли Ебдо објави морничава карикатура на Шарб:
Еве и неколку од највпечатливите карикатури и слики што кружеа на интернет во почит за убиените. Некои од нив се направени по нападот, додека другите се постари слики пренаменети за оваа неодамнешна трагедија.
4 dessinateurs au paradis, Mahomet et Jésus consternés … #CharlieHebdo pic.twitter.com/lOqY4sVLoT
— NOiD (@noid_gb) enero 7, 2015
4 карикатуристи во рајот, Мухамед и Исус се стаписани…
#JeSuisCharlie #plusjamaisca pic.twitter.com/L6GS7wijnd
— Sophie Dupont ✏️ (@sofille65) enero 7, 2015
“Ceci n'est pas une religion” – Dorian Danielsen #CharlieHebdo pic.twitter.com/X28o99aA6B
— waltercolor (@waltercolor) enero 7, 2015
„Ова не е религија – Дориан Даниелсен
#CharlieHebdo pic.twitter.com/ua2Eic4FLv
— Jean-Baptiste ✏️ (@dijibe) enero 7, 2015
#CharlieHebdo pic.twitter.com/ua2Eic4FLv
— Jean-Baptiste ✏️ (@dijibe) enero 7, 2015
Tomorrow's Ouest France front page #JeSuisCharlie pic.twitter.com/FFFJBYsYP1
— Matthew Hotton (@MatthewHotton) enero 7, 2015
Утрешната насловна страница во Франција #JeSuisCharlie pic.twitter.com/FFFJBYsYP1
— Matthew Hotton (@MatthewHotton) enero 7, 2015
Fier de mes ex-collègues. La salle de nouvelles de Radio-Canada à Montréal soutient #CharlieHebdo #JeSuisCharlie pic.twitter.com/U9OqJBMk8t
— Bruno Guglielminetti (@Guglielminetti) enero 7, 2015
Горд сум на моите бивши колеги. ТВ-редакцијата за дневни новости на СБС во Монтреал го поддржува #CharlieHebdo
Почивајте во мир и ви благодариме за спомените.