Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Нацрт-буџетот што ги поттикна протестите во Иран

Протестирачи собрани во Техеран на 1 јануари за да протестираат против слабата економска состојба. Фотографија од новинската агенција ИРНА со право за повторно објавување.

Овој напис беше оригинално објавен на 8 јануари 2018, на странацата на Арсех Севом, невладина организација што промовира мир, демократија и човекови права за заедниците кои го зборуваат персискиот јазик. 

Предлог-буџет за кој многу работници и семејства кои се борат за опстанок мислат дека е несоодветен за нивните потреби е сржта на протестите во Исламската Република Иран.

Протестите против предлог-буџетот почна веднаш штом беше соопштен на 10 декември. Наставниците, возачите на автобуси, синдикатите и пензионерите беа меѓу првите кои излегоа на улиците пред парламентот.

За првпат се објави целосен нацрт-буџет наеднаш. „Со тоа што буџетот се објави целосно наеднаш“, рече новинарот Мостафа Косрави за Глобал Војсис, „корупцијата во сржта на системот стана повидлива“.

Има прашања за средства насочени за религиски и културолошки организации кои не транспарентни и отчетни. Многумина во Иран никогаш не чуле за тие организации.

Се смета дека националните протести почнале во северо-источниот град Машад. Но, 10 дена пред раширувањето на националното протестирачко движење, граѓаните веќе јавно ја искажаа својата лутина за нацрт-буџетот на улиците. Преку „Телеграм“, апликацијата за споделување пораки, пратеникотМохамад Таги Акбарнејад го сподели неговото искуство откако анонимно се измешал со луѓето кои протестираа пред зградата на парламентот:

در این حین بود که خانم ۵۵-۶۰ ساله ای که از سر و وضعش پیدا بود که هنوز از خودش نا امید نیست، با تندی جلو آمد و پرسید: شما نماینده مجلسید؟ گفتم: نخیر. بنده هم مثل شما مراجعه کننده هستم! گفت: آقا شما را به خدا اگر دستتان می رسد به اینها بگویید: من غلط کردم رفتم آموزش و پرورش. من گداخانه رفتم! به آقای خامنه ای بگویید به رئیس جمهور بگویید به هر کسی که دستتان می رسد بگویید ما واقعا بریده ایم. ما این انقلاب را نمی خواهیم. ما از شما آخوندها متنفریم!… زن ۶۰ ساله ای در دو قدمی من با یک آرامش آکنده به غروری گفت: حاج آقا عبا قبایتان را بذارید توی صندوقچه، مردم به خونتان تشنه اند!!! من به روی خودم نیاوردم. با آرامش به حرف ها گوش می دادم و ابراز همدردی می کردم.

Бев во центарот на протестите, и една жена во доцните 50-ти години ми пријде и ме праша: „Дали сте пратеник?“ Јас одговорив, „Овде сум исто како и вие.“ Таа ми рече, „Ако можете да отидете до парламентот, кажете им дека направив грешка што станав учителка. Нè претворивте во просјаци. Ве молам кажете му на г-н Каменеи, кажете му на претседателот, кажете им на сите, кажете им дека сме очајни. Не ни треба оваа револуција. Ги мразиме свештениците.“

Подоцна, друга жена од 60-тина години, ми пријде смирено да ми каже да го затскријам свештеничкиот мантил. „Луѓето се жедни за твојата крв!!!“

Ништо од ова не зедов при срце, се обидов да покажам солидарност.

За многумина, нацрт-буџетот со сигурност ќе ги влоши и онака очајните економски услови.

Надворешната политика на Иран е особена мета на бес. Протестирачите се гневни заради тоа што парите се насочуваат за поддршка на војните во Сирија и Јемен, како и овластени помагатели во други држави како на пример во Либан. Една од паролите што се слушала на минати демонстрации и повторно на овие е: „Ниту Газа ниту Либан, животот го давам само за Иран.“

Ако парламентот го изгласа зголемувањето на цените на бензинот, Револуционерната Гарда исто така ќе добијат значајно зголемување на финансирањето: зголемување од 120%. Буџетот на војската на Иран, Басиџ, е речиси ист со оној на обичната војска. Згора на тоа, буџетот на силите Кудс (тајниог огранок на Револуционерната Гарда на Иран, активен и во Сирија) е комплетно скриен од јавноста. Вaквите поплаки против неурамнотежените национални трошоци не е новост, а по сè изгледа дека дека е дојдено до трескавично лудило по високите очекувања за напредокот на економијата по ослободувањето од санкциите во јануари 2016 година.

„Корупцијата е она против кое се собрани луѓето,“ вели аналитичарот и новинар Пежман Тавахори во едно интервју. „Луѓето мислат дека ставањето крај на корупцијата ќе ја ублажи сиромаштијата.“

Една цел на Иранската влада е да го прошири шиизмот во регионот. Тоа е скапа мисија, во смисла на животи и финансии. Новинарот Борзо Дараги на „Базфид“ напиша:

Ever since the US invasion of Iraq in 2003, Iran — a Shiite state — has had its eyes on its Shiite-majority neighbor, intent on taking over the levers of power, commerce, and the military. But this is just one part of Iran’s wider goal: to establish territorial dominance from the Gulf of Aden to the shores of the Mediterranean.

Уште од инвазијата на САД во Ирак во 2003, на  Иран – шиитска држава –  во очи ѝ падна соседот со мнозинството шиити, со намера да ја преземе власта, трговијата и војската. Но ова е само дел од пошироката цел на Иран: да оствари територијална доминантност од Аденскиот залив до бреговите на Медитеранот.

Може ли врховниот лидер на Иран да најде компромис за целите на надворешната политика за да се адресира нееднаквоста на приходите и финансиското страдање? Тавахори не мисли така:

The current demonstrations may be suppressed, but the anger won’t end. I don’t think the Supreme Leader will give up this policy. Poverty and corruption will continue and before long people will be back on the streets

Моментните протести би можеле да се задушат, но лутината нема да престане. Не верувам дека врховниот лидер ќе се откаже од оваа политика. Сиромаштијата и корупцијата ќе продолжат и за кратко време луѓето пак ќе се најдат на улица.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.