Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аргентина: Сенатот ги одобри еднополовите бракови

Аргентинскиот Сенат пропиша Закон со кој се даваат еднакви права за склучување брак, без дискриминација на хетеросексуални и хомосексуални парови, како и еднакви права при посвојување, покрај другите работи. Со оваа мерка, Аргентина е првата земја во Латинска Америка, во која се дозволува истополовиот брак. За Законот гласаа пратениците на Сенатот кои се припадници на различни политички партии, и партиите им ја даваат слободата тие самите да одлучат дали ќе го прифатат или одбијат Законот.

Темата исто така беше дискутирана и на Твитер, каде хаштагот #matrimoniogay (геј брак) со часови беше тренд насекаде низ светот. Таму можевме да видиме многу твитови за оваа тема. Многу од нив дојдоа од корисници од другите латино-американски земји кои сакаа да го споделат своето мислење. Еве избор на некои од твитовите од страна на поддржувачите на еднополовите бракови:

A los creyentes: ya está, si dios permitió que se apruebe es porque no tiene problemas con el #matrimoniogay así que aflojen con el rezoless than a minute ago via web

за верниците: тоа е тоа, ако Господ го одобри пропишувањето на овој закон, тогаш тој нема да има проблеми со #matrimoniogay, па престанете со молитвите.

Haber despertado con la noticia de la aprobación del #matrimoniogay me hace sentir orgullosa de vivir en un país que busca la igualdadless than a minute ago via web

Да се разбудиш со веста за усвојување на Законот за геј бракови #matrimoniogay, ме прави горд што живеам во земја, која се стреми кон рамноправност.

Que bonito! parabéns, Argentina. Grande exemplo pra América Latina. #matrimoniogayless than a minute ago via TweetDeck

Колку убаво! Честитки Аргентина! Тоа е пример за другите латино-американски земји .

¡Felicidades Argentina! a seguirle el paso a los vecinos… #matrimoniogay #argentina Perdieron el mundial pero la ganaron en igualdadless than a minute ago via TweetDeck

Честитки, Аргентина!  Твоите соседи треба да го следат овој пример. Можеби го загуби светскиот куп, но победи во рамноправноста.

#matrimoniogay Vivimos en un país mejor que el de ayer.less than a minute ago via web

Денес живееме во подобра земја, отколку вчера.

Меѓутоа, на Твитер можеме да ги видиме и оние кои се против рамноправноста, некои од нив се повикуваат на религиозни аргументи – сепак оваа група е многу помала во однос на поддржувачите, кои срдечно го поздравуваат пропишувањето на законот. Еве неколку примери :

No tengo nada en contra de la union del mismo sexo, pero les recuerdo que Dios creo al hombre y a la mujer para que formen una familialess than a minute ago via Twitter for iPhone

Јас не сум против партнерството помеѓу еднополови парови, но колку што знам Господ ги создал мажот и жената со причина, за да можат да создадат семејство.

Argentina se convierte en el Primer Pais Latino y Suramericano en aprobar la Legalidad del Matrimonio Gay en un Codigo Civil… Que asco!less than a minute ago via Twitter for BlackBerry®

Аргентина е првата латинска и јужно-американска земја, која ја одобри легалноста на хомосексуалните бракови во граѓанскиот законик… Одвратно!

Неколку часа откако беше пропишан Законот, се уште нема објави на блогови во врска со темата, но може да се забележат некои позитивни реакции: Es la gente, estúpido [шпански]; Artepolítica [шпански]; 100 Volando [шпански], и Hernán Haines [шпански].

По првото одобрение пред неколку месеци од страна на Комората на пратениците, и одлуката на Сенатот, дојде до голема дебата меѓу членовите на организации како што е Католичката црква, која протестира против еднополовите бракови поради нејзините религиозни погледи, а така се изјаснува за задржување на дискриминирачките закони. Овие групи собраа 50000 до 60000 луѓе на собир кој се одржа на 13 јули оваа година. Можете да прочитате мислења од ваквите гледишта тука: Argentavis [шпански] и Baradero Hoy [шпански]

Сликата во овој пост е „Марш за поддршка на Законот за еднополови бракови во Аргентина” од Фликр корисник  Globovisión, со употребена со Криејтив Комонс лиценца.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.