Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Унгарскиот премиер доби чоколада од децата на синдикалците, а потоа гласаше за нивните родители да останат без работа

Владата на Унгарија ја монополизираше продажбата на тутунски производи во 2013, поттикнувајќи критики од сите страни, за монополот, но и за ограничувањата во Законот за слобода на информации кој дојде со притаената дистрибуција на дозволите за продажба на овие производи. Во вториот круг, Унгарскиот парламент гласаше во понеделник, 15ти декември, 2014, да се создаде национален дистрибутер на тутун и тутунски производи со кој ќе раководи државата. Синдикатите протестираа против законот, велејќи дека ќе резултира со губење на околу 1600 работни места

HHHHHHH

Фотографија од Фејсбук страницата на синдикатот ЛИГА, широко споделувана на социјалните мрежи.

Пред самото гласање, една помала група од синдикатот испрати чоколади до пратениците во унгарскиот парламент заедно со слики од деца и порака до пратениците да гласаат против тоа, родителите на овие деца да ги изгубат работните места. Блогот Vastagbőr објави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така добил едно чоколадо, го изел, и потоа гласал за создавањето на национален тутунски дистрибутер, кој ќе остави стотици луѓе без работа. Фотографии од премиерот Орбан со чоколадото пред одлучувачкото гласање може да се најдат на горенаведениот блог и на други социјални мрежи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.