На состанокот на НАТО сојузниците во Брисел во ноември 2017, претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев ја потенцираше важноста на слободата на изразување и слободниот интернет.
Во резимето објавено на официјалната веб-страница на претседателот се парафразирани забелешките на Алијев на следниов начин:
„Истакнувајќи ги проблемите во демократскиот развој, претседателот Илхам Алијев изјави дека слободниот интернет, слободата на изразување, слободата на здружување и други слободи се обезбедени во Азербејџан.“
Ова и слични други тврдења изненадија голем број азербејџански новинари. Зборовите на Алијев се далеку од неговите постапки во последните пет години.
Помеѓу 2013 и 2015, низа од регулаторни измени и арбитрарни правни закани го ставија некогашното динамично азербејџанско граѓанско општество од новинари, активисти и младински организации на „линија за отстрел“. Многумина беа уапсени врз основа на фиктивни обвиненија. Други ја напуштија државата, поради страв од правно гонење.
Како резултат на тоа, добар дел од преостаната конверзација околу демократијата, правата и слободите се префрли онлајн. Но, секоја година, станува сè појасно дека нема толеранција и за онлајн дисиденството.
Последниот пример ни доаѓа од 1 декември 2017, кога пратениците предложија и усвоија нов сет од амандмани кои би ги правеле одговорни граѓаните, вработените во државните служби и правните лица — и би биле подложни на парични казни — за ширење на „забранети“ информации на Интернет.
If an internet information resource is entered into the List of Information Resources that Have Posted Information Banned from Distribution, it should immediately restrict access to any such information that it contains. Otherwise, the host and internet providers will face fines in the amounts of 1,500-2,000 AZN for officials and 2,000-2,500 AZN for legal entities.
Доколку се внесе ресурс на интернет информации во „Листата на информациски ресурси кои имаат објавено информации забранети за дистрибуција“, тој треба веднаш да го ограничи пристапот до такви информации кои се содржани во него. Во спротивно, хостот и провајдерот на интернет ќе бидат казнети во висина од 1,500-2,000 азербејџански манати за одговорните лица и 2,000-2,500 азербејџански манати за правните лица.
Властите не посочија како веб-локациите кои поддржуваат оставање коментари од страна на читателите или кориснички написи (како што се Фејсбук или Јутјуб) ќе се усогласат со овие правила, кога и ако нивните корисници објават содржини кои спаѓаат под забраната.
Забраната вклучува класа на содржини позната како „забранети информаци“ која беше воведена со судска одлука во мај 2017 и која ја овластува владата да цензурира веб-локации со специфични видови содржини.
As per the court order, “prohibited information” can include the following categories:
- terrorism propaganda;
- information promoting religious extremism, revolution, mass riots and other similar propaganda;
- [information related to] state secrecy;
- information on production of weapons and spare parts;
- information on preparation of narcotics, drugs, and similar substances, their sale;
- pornography (including child pornography);
- information on promotion of gambling and illegal betting;
- information on suicide inspiration;
- insult and defamation as well as information breaching personal security;
- information breaching intellectual property rights; and
other information, distribution of which is prohibited by law of the Republic of Azerbaijan
Како што се наведува во судската одлука, под „забранети информации“ спаѓаат следниве категории:
- терористичка пропаганда;
- информации кои промовираат религиозен екстремизам, револуции, масовни протести и друга слична пропаганда;
- [информации поврзани со] државни тајни;
- информации за производство на оружја и резервни делови;
- информации за производство на наркотици, дроги, и слични супстанци, нивна продажба;
- порнографија (вклучително детска порнографија);
- информации за промовирање коцкање и нелегално обложување;
- информации за инспирирање самоубиство;
- навреди и клевети како и информации кои ја повредуваат личната безбедност;
- информации кои ги прекршуваат правата на интелектуална сопственост; и
други информации, чие ширење е забрането со законите на Република Азербејџан
Јавното обвинителство тврдеше дека одредени онлајн ресурси биле блокирани бидејќи претставувале закана, но кога подетално ги погледнавме содржините споделувани на овие веб-локации, заклучивме дека тие не ги исполнуваат критериумите за „забранети информации“.
Некои од блокираните веб-локации првенствено содржеа стории за корупција во владата, растечката стапка на самоубиства во Азербејџан, лошите економски и социјални услови за живеење и независно известување за локални протести. Три веб-локации за вести и два канали за сателитска телевизија беа експресно блокирани во државата. И оттогаш, повеќе од дванаесет онлајн ресурси кои обезведуваат независни вести и информации беа блокирани.
Сето ова го изискува прашањето: За кого овие „забранети информации“ претставуваат најголема закана?
Навистина, овие законски реформи им се закануваат на сите освен на владеачката елита на Азербејџан. Ова е класична одлика на режимот на Алијев. Во годините откако тој го презеде претседателскиот трон од татко му, Илхам Алијев само ги направи животите на неговите сонародници помизерни.
Се чини дека законските реформи во Азербејџан никогаш не се предложени единствено од добрата волја на пратениците во азербејџанскиот парламент. Иако нивната основна функција е да им служат на граѓаните, ние како граѓани на Азербејџан не ни знаеме за сигурно дали тие легитимно биле избрани на нивната јавна функција.
И така, не беше изненадување да се види вториот бран на законски амандмани кои беа предложени и прифатени од азербејџанското собрание кон крајот на 2017 година. Пратениците одобруваа амандмани на азербејџанскиот Законик на административни прекршоци, а воедно воведоа и високи парични казни за сопствениците на ресурси на интернет информации или домени за ширење забранети информации (оценети како такви од властите) или за неуспех во обидот да се спречи ширењето на такви информации. На 15 декември, Собранието на Азербејџан усвои амандмани на предлог законот за вооружени сили, со што им забранува на новинарите да бараат одредени видови информации поврзани со воени активности.
Организациите и платформите кои беа уназадени од овој скорешен бран законски мерки сега се сè повеќе зависни од нивните страници на Фејсбук и кориснички профили на Јутјуб за нивните гласови да останат присутни онлајн. Многу изработија „огледало веб-локации“ каде продолжуваат да пишуваат критички стории и вести од Азербејџан.
Радио Азадлик, азербејџанскиот сервис за Радио Слободна Европа/Радио Слобода ги известува своите читатели и гледачи при крајот на нивниот дневен осврт на вестите, и им дава ажурирана УРЛ-врска до нивната платформа. ТВ Мејдан се потпира на мобилна апликација.
Сакајќи да го опише падот на слободниот интернет во Азербејџан, граѓанскиот активист Али Новрузов го искористи својот блог и напиша:
What made the matter worse was that our even hypothetical Internet freedom was not guaranteed in the law books. Loose provisions of the laws were leading to occasional blocking of websites. Aside from some satirical blogs and Iranian-sponsored religious propaganda websites, even Imgur, an innocent photo-sharing platform fell a victim for a short time. However, blocking of websites was an exceptional measure back then. Despite being an arbitrary measure, the government was resorting to it only in selected circumstances.
[…]
With oil prices plummeting and economic situation getting worse on daily basis, it was evident that the government was no longer inclined to tolerate any dissent whether it was online or offline. The days of the hypothetical free Internet were also numbered.
[…]
While curbing basic rights and freedoms, going after activists, are a rule of thumb when it comes to persecution of active members of Azerbaijan's civil society, polishing of existing laws seem to have made things far easier for the ruling government especially when it needs to answer in front of the international rights watchdogs and institutions. First it is none of their business leaders like to say, even when a pinch of criticism is steered their way, and secondly, we have laws, according to which the authorities lawfully abide by.
Она што ги направи работите полоши беше тоа што нашата дури и хипотетичка слобода на Интернет не беше гарантирана од законите. Нејасни амандмани на законите водеа кон повремени блокирања на веб-локации. Со исклучок на некои сатирични блогови и веб-локации за религиска пропаганда спонзорирани од Иран, па дури и Имиџур, платформа за споделување фотографии, беше недолжна жртва одреден краток период. Сепак, блокирањето на веб-локации беше исклучителна мерка тогаш. Покрај тоа што претставуваше арбитрарна мерка, владата прибегнуваше кон нејзино користење само во одредени околности.
[…]
Со вртоглавиот пад на цените на нафтата и секојдневното влошување на економската состојба, стана евидентно дека владата повеќе не може да толерира каква било форма на дисиденство, било тоа да е онлајн или офлајн. Деновите на хипотетички слободниот интернет исто така беа броени.
[…]
Додека ги зауздуваат основните права и слободи, напаѓаат активисти, правно гонење активни членови на азербејџанското граѓанско општество е правило наместо исклучок, стилизирањето на постоечките закони се чини дека ги направи работите многу полесни за владеачката гарнитура особено кога станува збор за нивното одговарање пред меѓународните институции и организации кои имаат надзорна улога. Прво тоа не е нивна работа, милуваат да кажат лидерите, дури и кога кон нив се упатува минимална доза на критика, и второ, имаме закони, според кои властите законски се придржуваат.
Овие неодамнешни законски амандмани, како и непрекинатата демонстрација на моќ помеѓу владеачките структури и осакатеното граѓанско општество во Азербејџан, се индикатори дека точки на кои се осврна претседателот Илхам Алијев за слободата на изразување и интернетот се само зборови. Интернетот во Азербејџан, не е слободен и отворен.