„Wikimujeres“ сака повеќе жени-уредници да го исправат родовиот дебаланс на Википедија

Пародија на познатиот постер „We Can Do It!“. Изведено дело од Том Морис преку Викимедија Комонс. Јавен домен.

Во статијата на Википедија за „Родова пристрасност на Википедија” всушност се вели дека многубројни истражувања и анкети откриле дека „доминантно мнозинство уредници на Википедија се мажи“, наведувајќи бројки од околу 85-91.5%. Тоа претставува причина за загриженост и кај пошироката заедница и кај Фондацијата Викимедија, ентитет кој управува со најголемата бесплатна светска онлајн енциклопедија, бидејќи оваа демографска разлика може да придонесе за систематична поделба  која се наоѓа во нејзината содржина.

Проектот „Wikimujeres“ (Викижени) работи во земјите каде што се зборува шпански и каталонски за да помогне да се сменат овие демографски податоци. На нивната веб-страница стои:

Somos un grupo de usuarias de Wikipedia preocupadas por la diversidad y la neutralidad de la Wikipedia y dispuestas a trabajar para disminuir (y en un futuro eliminar) la brecha de género y culturas que existe en la enciclopedia más consultada en internet.

Ние сме група корисници на Википедија загрижени за разновидноста и неутралноста на Википедија и сме подготвени да работиме кон намалување (а во иднина и отстранување) на родовиот и културниот јаз кој постои на најраспространетата употребувана енциклопедија на Интернет.

Нивната цел е да се вклучат повеќе жени како активни уредници кои исто така можат да придонесат повеќе содржини поврзани со жените, на пример биографии, како и содржини создадени од жени-уредници во развиениот свет. Достигнувањето до повеќе луѓе игра важна улога, и се изразува преку неделни состаноци кои се одржуваат на две локации, во Мадрид и Барселона, во форма на обуки и „edit-a-thons“, настани на кои најчесто е потребно лично присуство, а се креирани за заеднички да се работи на создавање нови или подобрени статии на Википедија.

Фотографија од Монсерат Боис преку Викимедија Комонс (CC BY-SA 4.0)

Неодамнешните „edit-a-thons“, кои беа одржани во Медиалаб-Прадо во Мадрид, во заедничка организација со „Wikimujeres“, се фокусираа на објавување нови статии за жени фотографи и жени научници.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.