Со политичката поделеност во Бахреин вообичаено составена од секташки групи, блогерот Махмод Ал Јосиф објави код за етика со цел да го запре ширењето на омразата онлајн.
Мохмод објаснува:
Јас верувам дека со моменталната ситуација, време е да застанеме обединети против секташтвото и дискриминацијата во сите свои форми. Затоа, предложувам следниов код да се прифати и потпише од сите електронски издавачи, без разлика дали се блогери, вебмастери, модератори на форум итн. Кодот е резултат на дискусија со пријателот и новинар Ахмед Ал-Аради од Ал-Вакт, кој напиша одлична серија од написи за ситуацијата во Бахреин наречена „Креаторите на омраза“… Предложувам сите да го разгледаме следниов текст и да дојдеме до спогодба за финалниот код, кој предложувам сите да го потпишеме физички и електронски на Интернационалниот ден на блогот, кој се совпаѓа со 31 август.
Една од одредбите на која сопствениците на блогови, веб сајтови и форуми се бара да се обврзат е следнава:
Ние одбиваме било каква сугестија или пишување кои имаат секташки контекст или поттик за омраза, злоупотреба на слободата за религија, вера или верувања.
Целиот текст на арапски и англиски може да се погледна тука.