„Европа се бори со нејзините измислени непријатели“: Ова е пораката која десетици асоцијации во одбрана на емигрантите сакаа да ја пренесат кога организираа човечки синџир помеѓу трамвајската станица „Droits de l'Homme“ (Човекови права) и седиштето на Парламентот на ЕУ во Стразбур на 26 ноември. Со цел враќање на човековите права во сржта на Европа и против полисата усвоена од Европската агенција за гранична контрола Фронтекс, демонстраторите носеа пароли преку кои ги раскажуваа трагичните несреќи на емигрантите кои се обидуваат да дојдат во Европа. Во изминативе 20 години, повеќе од 20.000 емигранти загинаа или исчезнаа обидувајќи се да дојдат од своите родни градови до Европа.
Еве неколку фотографии од настанот :