Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Eвропа во криза.
На 2, 3 и 4 мај се одржа состанокот на Европската централна банка, во Барселона, Шпанија, град кој беше под опсада на полицијата: 8,000 полициски службеници беа регрутирани во каталонската престолнина, од кои 2,300 државни полициски службеници и 1,200 припадници на цивилната гарда, плус 4,500 припадници на каталонската полиција (Mossos d’Esquadra).
За овој состанок, Шпанија привремено (од 28 април до 4 мај) го суспендираше Шенгенскиот договор на границата со Франција. Овој договор ги укинува контролите на внатрешните граници помеѓу некои европски земји и создава само една надворешна граница каде има контроли за влез во шенген-зоната. Шенген-зоната ја сочинуваат само неколку од земјите-членки на Европската заедница.
@premsaindignada: Jueces para la Democracia “suspender Schengen es de Estado democrático miope” http://bit.ly/BienvenidoMrBCEweb #bienvenidoMrBCE http://bit.ly/J2ccqP
Исто така, полицијата ги предупреди граѓаните преку Твитер на доста снисходлив начин:
@policia: Recordad: Hasta el viernes, 4, suspendido Tratado Schengen y restablecidos los controles fronterizos en España y se refuerzan en
#Catalunya
Укинувањето на договорот е заради политички причини, во случај на можни инциденти помеѓу т.н. групи против системот и групите одговорни за безбедноста за време на состанокот. Ова беше поголемо ангажирање од она во 1992 година, за време на Олимписките игри во Барселона; од снајперисти позиционирани на хотелот Артс, каде престојуваа министрите за економија, до случајни претреси, запирање на луѓето по улиците без никаква причина и пребарување на нивните чанти.
Ваквото ангажирање резултираше со апсење на 10 лица на границата, 18 лица не добија дозвола за влез во Шпанија и на повеќе од 126 000 лица им беше извршен претрес (потврда на идентитетот, па дури и претрес на автомобилите) додека се обидувале да ја поминат границата. Лицата против кои имало покренати тужби во полицијата исто така биле уапсени.
За време на состанокот, Барселона не беше сведок на очекуваното насилство, бидејќи градот им го сврте грбот на оние кои го чекаа состанокот; меѓутоа, до одреден степен, сепак беа забележани мали протести:
@Acampadabcn; Recordar mostrar vuestro rechazo al BCE a las 21:00h en forma de cacerolada… Que nos oigan! http://bit.ly/cassoladaBCE
#CassoladaBCE
На 3 мај, имаше студентски протест против скратувањата во буџетот за државното високо образование и против покачувањето на партиципациите. Иако протестот беше мирен, одговорните политички лидери се однесуваа како насилници кога ѝ наредија на полицијата да ги обиколи демонстрантите и да нишани во нив на провокативен начин, како што може да се види на оваа слика и видео.
Во еден коментар на видеото на Јутјуб се вели:
Yo estuve allí y te lo puedo explicar. Al final de una manifestación pacífica sin altercados, un grupo reducido de esa misma manifestación decidimos seguirla hasta una universidad de la zona donde había comida y actos por el tema de la subida de las tasas universitarias. A la altura de plaza Cataluña la policía que nos iba persiguiendo en furgonetas nos rodean sin ningun motivo, nos encierran con coacción y nos empiezan a grabar e intimidar.
Еве како се почитува правото на протест во Шпанија:
http://www.youtube.com/watch?v=HLVUCGactac
Европската централна банка (ЕЦБ) и нејзиниот претседател, Марио Драги, кој беше извршен директор на Светската банка и европски потпретседател на Голдман-Сакс, побара од Шпанија да продолжи со тековните реформи и да истрае во помагањето на банките.
Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Eвропа во криза.