Индонезија: Земјотрес, цунами и вулканска ерупција во 48 часа

Слика од Фејсбук, влијание на ерупција врз Јогјаку

Индонезија е позната по природни катастрофи бидејќи нејзината локација во Огнениот прстен на Пацификот ја прави подложна на бури, земјотреси и вулкански ерупции. Но, оваа недела, Индонезија не беше подготвена кога земјотрес, цунами и вулканска ерупција ги погоди островите за помалку од 48 часа. Се очекува бројот на жртви да надмине 500 и да има илјадници фамилии на кои им треба итна помош.

Сликите од влијанието на тројната катастрофа веќе се објавени на Фејсбук. Кликни тука за да ги видиш фотографиите од ерупцијата на планината Мерапи, еден од најактивните и најопасните вулкани во светот. Островот Ментаваи, во меѓувреме беше погоден од цунами, еве ги фотографиите. Овде можете да ја видите мапата на Ментаваи.

Реакции на Твитер од Џакарта

mellydjie: Многу природни катастрофи ја погодија Индонезија, навистина тажно…. шумски пожари, лизгање на земјиштето, земјотреси, поплави, цунами. Да се молиме за #Индонезија.
veranotariza09: RT @devinoliver: Земјотрес, јако цунами, поплави, вулкански ерупции, сè се случи во 48 часа. Ве молам #молетесезаиндонезија
marshawenur: @Ryota_ sw yea, местото каде удри цунамито е прилично изолирано, тоа се мали островчиња. Па малку е тешко да се дојде до тоа место и да се спаси некој. Тажно
NinRex: RT @radhialyani: Ерупцијата на Мерапи, цунамито во Ментаваи и Ацех , земјотресот во Јогја и Тасик, сè се случи на ист датум: 26
winnielimawan: Продолжете со #молисезаиндонезија, ни треба реставрација после она што се случи: земјотрес, цунами, вулкански ерупции, поплави. Боже, врати ја нашата земја
myBny: Ајде да се обединиме и да им дадеме поддршка на нашите пријатели кои ги зафати катастрофата во Васиор, Ментаваи и планината Мерапи (Индонезија)
Gupta1978: Во момент како овој сфаќам, моите неволји не се ништо во споредба со вашите, мои сестри и браќа , луѓе од Ментаваи и Мерапи . Господ да ве благослови!
tatterscoops: Добро утро! Уште еден облачен ден во Џакарта. Моите мисли се насочени кон жртвите од Ментаваи и планината Мерапи и да не ги заборавиме луѓето од Васиор кои се наоѓаат во Папуа
FadhilaAgustina: Не помага само молење за жртвите во Ментаваи и провинцијата Централна Јава, на нив им треба повеќе храна, облека и лекови за да преживеат…

Неодамнешната катастрофа, цунами, ги потсети сите на онаа поплава во Ацех од пред неколку години, која ја погоди Западна Папуа на почетокот на овој месец.

Слика за Јогјаку од Фејсбук

Пораката за поддршка од пејачот Џастин Биебер беше употребена од некои луѓе на интернет за да го потенцираат „одложениот одговор“ на владата

justinbieber: Само што дознав за земјотресот во Индонезија. Сите молете се за луѓето кои се таму. #молисезаиндонезија
martinmanurung: RT @hansdavidian: Драг г. Претседател @justinbieber Ве победи, погрижете се за повредените луѓе. Вие, господине, ја навредувате државата.

Тагот на твитер #молисезаиндонезија постана тренд тема во последните денови. Еве некои пораки на Твитер од Малезија, Сингапур и Манила.

#молисезаиндонезија глобален разговор

Напорите за помош се координирани од страна на многу групи, а исто така и од страна на блогерската заедница

• Црвен Крст на Индонезија : КБ Сметка Бр. 0353112233; Име на сметка : Црвен крст на Индонезија

•Лазис Махмудија: КБ Бр. 8780171171;Мандири бр. 1230099008999; КБ Сиариах Бр. 0091539444
•Блогерска заедница:Доставување на испораки на ЈЛ Лангсат 1, број 16, Маџестик, Јужна Џакарта Исмира Лутфиа и Нуфрика Осман

Кафе Салемба реагира на одговорот на различните институции и поединци за време на катастрофата

Изразувам сочувство кон жртвите од цунамито во Ментаваи, Суматра и вулканската ерупција на планината Мерапи во Централна Јава, кои се случија оваа недела.
За жал, се повторуваат истите работи: бавен одговор и слаба координација од страна на владата, глупаво обвинување на министерот дека несреќите на жртвите се поради тоа што не ги почитувале правилата на Бога, медиумски испади, нечувствителни интернет блогери кои објавуваат слики од лицата кои примаат социјална помош итн.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.