Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Југоисточна Азија: Чевелот, чевелот

Ирачкиот новинар Мунтадар ал-Заиди ќе биде познат подолго време како фрлачот на чевли. Оној кој минатата недела во Багдад фрли пар чевли кон американскиот претседател Џорџ Буш.

Чевлите се сега од непроценлива вредност. Саудиски бизнисмен понуди 10 милиони долари за еден чевел од парот.

Инцидентот со фрлањето на чевли е прогласен за херојски од многу луѓе од светот, особено од оние кои не се согласуваат со надворешните политики на моменталниот американски претседател. Кои се реакциите на блогерите и жителите од Југоисточна Азија?

Хафриз од Сингапур смета дека ал-Заиди треба да стане претседател на светот:

Има ли некој што сè уште не е зафатен од манијата со фрлањето на чевел? Мунтадар ал-Заиди е светски херој. Тој е легенда. Тој треба да биде претседател на светот.

Катак, исто така од Сингапур, забележува дека инцидентот го рефлектира неуспехот на надворешната политика на САД:

Недоброто прифаќање во странска држава генерално не е добра проштална забава за некој кој често се нарекува Претседател на „светот“.

Инцидентот ја покажува насобраната омраза и насилството кое локалните граѓани мораа да го издржуваат поради неговиот неуспех во процената за надворешната политика, особено за инвазијата на Ирак во 2003.

Друг сингапурски блогер, mrbrown.com, се прашува како агентите од Тајната служба не успеале да ги фатат чевлите:

Целата ситуација ве прави да се замислите, ако Тајната служба не можеше да сопре летачки чевел или два, како планира да го заштити претседателот Буш од поопасни оружја?

Или тие намерно пуштија еден?
Хммм…

Филипинскиот новинар Карлос Конд го анализира инцидентот со фрлањето на чевелот од перспективата на медиумска личност:

Она што тој се обиде да го покаже е дека тој е пред се граѓанин: дека и тој ја чувствува болката на неговите сограѓани Ирачани.

Ал-Заиди е новинар. Тој ја знае приказната за Ирак можеби најдобро од сите. Но, најмногу од се, тој е ирачки граѓанин. Тој ја чувствува болката на неговиот народ можеби најмногу од сите новинари во Багдад. Дали ние навистина очекувавме тој само да седи и да го гледа Буш како повторно лаже и да ја навредува меморијата на оние кои страдаа во Ирак поради актот на агресија на Америка?

Ka-Blog од Филипини ги разбира мотивите на Ал-Заиди:

Дали беше оправдана постапката на Ал-Зеиди? Ајде да гледаме од оваа страна – ако вашата земја беше уништена од војна настаната поради комплетно бизнис причини; доколку милиони сограѓани умреле поради тоа; доколку странски агресори сѐ уште ја окупираат вашата земја; и доколку мозокот (секако ова е погрешно) позади сето ова доаѓа во вашата земја и сѐ уште вели дека тој бил во право, нема ли вие да го чувствувате истиот степен на гнев како и новинарот?

Јас бев шокиран од она што го видов на телевизија и пак се шокирав кога го погледнав на YouTube. Се запрашав како може претседател на Америка да се третира на тој начин.

Но, кога се ставив во позиција на ал-Зеиди, не можев да го обвинам за постапката. Всушност, мојот единствен проблем со новинарот беше неговата цел.

Ариф од Индонезија пишува дека идниот американски претседател Барак Обама ќе мора да го подобри имиџот на Америка, кој беше уништен од неговиот претходник:

Омраза е оставена во светските срца. Фрлањето на чевли беше само реакција на светската омраза. Мислам дека Барак Обама ќе мора да го подобри имиџот на Америка, уништен од Џорџ Буш.

Фрлањето на чевли е ништо. Но, Буш треба да знае дека тој креираше омраза и лош имиџ. Буш исто така уништи историско наследство во Ирак. Тој ги уништи економските достигнувања. Тој не лажеше. Ирак нема оружја за масовно уништување.

Многумина од блогери од Југоисточна Азија се забавуваат со флеш играта која беше креирана од инцидентот со фрлањето на чевлите. Видео од играта е покажано подолу:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.