Русија го блокира пристапот до веб-сајтот на разгледувачот Тор

The Tor Project website has been blocked in Russia. Image by The Tor Project, CC BY 3.0 US.

Веб-сајтот на проектот „Тор“ е блокиран во Русија. Фото: The Tor Project, CC BY 3.0 US.

Руските власти го блокирале пристапот до веб-сајтот на разгледувачот Тор, torproject.org. Според извештаи од тимот што го развива Тор и неговите корисници забраната стапил на сила од среда, 8 декември. Официјалното блокирање на пристапот се случува по објавата на извештаи дека одделни руски провајдери на интернет услуги од претходно го блокираат пристапот до овој сервис, бидејќи одделни руски корисници не можеле да му пристапат уште од 1 декември.

Првобитно Тор бил развиен како дел од истражувачки проект финансиран од Морнарицата на САД. Сега го води непрофитна група базирана во Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон, која обезбедува софтвер кој им овозможува на неговите корисници анонимно да разгледуваат по интернет и да ги заобиколат блокадите и рестрикциите поставени на локално ниво. Тор (името е кратенка за „Разгледувач врз база на кромид“ – “The Onion Browser”)  го анонимизира сообраќајот на интернет преку уникатна конфигурација на јазли наречени „систем за ротирање врз база на кромид“ (onion routing system). Аналогијата со кромидот се однесува на слоевите кои мора да се поминат за со лупење да се дојде до центарот. Тор ги пренасочува пораките преку различни сервери со што отежнуваат обиди на шпијунирање на корисниците.

Се проценува дека околу 300,000 руски корисници на интернет ги користат услугите на Тор на дневна база, со што сочинуваат околу 15% од сите корисници. Се проценува дека руските корисници сочинуваат втора најголема популација на корисници на Тор на глобално ниво.

Руското државно регулаторно тело за интернет Роскомнадзор објави дека го вклучила разгледувачот на Тор во својот регистар на забранети веб-сајтови бидејќи наводно објавувал „информации  што обезбедува работа на алатки што овозможуваат пристап до илегални содржини“. Според групата за дигитални пава Роскомсвобода, изговор за блокадата е одлука од 2017 година од Обласен суд во Саратов на која се повикува базата на податоци на Роскомнадзор (иако судот не пресудил дека овој веб-сајт треба да се блокира). Исто така е нејасно зошто одлука на судот од 2017 година се применува дури во 2021 г.

Проектот Тор објави дека корисниците во Русија сè уште може да ги користат услугите на системот преку копија на веб-сајтот кој што го хостира Фондацијата Електронска граница (Electronic Frontier Foundation). Тие исто така ги повикаа руските корисници да го следат блокирањето на нивните услуги и апелираше до групите за дигитални права да вршат притисок врз руските власти да престанат со цензурата на Тор.

Ако живеете во Русија, помогнете во детектирање на цензурата на интернет со сондите на Отворената опсерваторија.
Ако работите за меѓународни организации за дигитални права… применете притисок кон руската влада да престане со цензурата.

Блокирањето на веб-сајтот на Тор се случува додека руските власти спроведуваат акција за затворање на виртуелните приватни мрежи (VPN) и други алатки за анонмност на интернет. Според  властите тие потенцијално дозволуваат пристап до нелегални содржини на интернет, со што се кршат руските закони. Во септември 2021 година, вечерта пред парламентарните избори, руската власт блокираше пристап до шест главни провајдери на VPN услуги и објави предупредување до западните компании кои нудат алатки како сервиси за CDN и DNS кои дозволувааат заобиколување на руската државна цензура.

Офанзивата за поголема цензура на интернет е дел од државната стратегија за „суверен интернет“ чија цел е цементирање на централизирана државна контрола врз интернет-инфраструктурата и онлајн просторот. Мерките за The „суверенитет“ овозможија поцентрализиран пристап кон филтрирањето и блокирањето на онлајн содржини, со наметнување обврски за интернет-провајдерите да инсталираат нов хардвер кој во законските прописи се нарекува „технички средства за спротивставување на закони“.

Оваа опрема е под централизирана контрола на Роскомнадзор и други државни тела и овозможува неотчетно централизирано блокирање  на веб-сајтови, постапки кои е тешко да се следат и документираат. Овој хардвер веќе има овозможено намалување на брзина на пристап до цели платформи, меѓу кои е Твитер, како и целосно блокирање на веб-сајтови и апликации поврзани со опозицијата во текот на летото.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.