Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Граѓаните на Франција повикуваат на повеќе почит, помалку омраза во политиката

Bulletin de vote lors des élections présidentielles - CC-BY-20

Гласање за претседателски избори – CC-BY-20

Следните претседателски избори во Франција се закажани за 23 април 2017 (првата рунда) и 7 мај 2017 (втората рунда). Гласање се чини дека ќе биде доста тензично, судејќи според моменталната ситуација — екстремните изјави на одредени политичари во медиумите, особено оние кои се однесуваат на бегалците, веќе го наметнуваат дискурсот.

Надин Морано од Републиканската партија, која изјави дека „Франција е Јудео-христијанска држава на белата раса“, е само еден пример од многуте на прогресивната популистичка еволуција на реториката на политичарите од оваа држава.

Сепак, постојат неколку граѓански движења во Франција кои сакаат да ја спасат демократија во државата од она што тие го гледаат како движење во надолна спирала и да и ја вратат старата слава.

Еве две иницијативи кои го одбиваат популистичкиот моментум во политиката и сакаат тоа да се направи поинаку.

Движењето Ma Voix (Мојот глас/гласање)

Оваа група на граѓани дојде до заклучокот дека тие не можат повеќе да чекаат на политичарите да ги променат работите, и одлучија самите да го сторат истото. На нивните Фејсбук страници, тие ги објаснуваат причините за нивните постапки:

Nous sommes de ceux qui n’arrivent plus à aller voter la tête haute.
Certains d’entre nous ne votent plus du tout, d’autres votent blanc, ceux qui votent encore le font par défaut, avec tristesse ou colère.
Nous nous sentons piégés par un système politique qui ne nous respecte pas, ne nous entend pas, et depuis quelques temps, nous dégoûte même par ses frasques, ses renoncements, ses promesses jamais tenues, ses mensonges, ses trahisons, son inhumanité.
Nous sommes multiples.
Nous sommes tous différents.
Nous ne sommes pas d’accord sur tout. Et c’est ça notre richesse. Nos expériences de vie montrent qu’il y a tant de chemins pour atteindre des résultats concrets.
Nous voulons expérimenter. Pas à pas.
Nous sommes en mouvement. 
Nous avons arrêté de regarder vers le haut avec espoir. Il n’y a plus rien à attendre de ceux qui nous gouvernent. Nous en constatons l'échec, nous le disons sans haine, ni colère.
Et finalement, ils échouent les uns après les autres, car les règles datent des siècles passés, elles ne sont plus adaptées.
Nous ne voulons plus signer de chèque en blanc à des partis politiques.
Nous allons construire une offre politique qui ressemble au monde que nous dessinons jour après jour : libre, connecté, coopératif, interdépendant, concret.

Ние сме помеѓу оние кои не можат повеќе да одат на гласање со високо кренати глави.
Некои од нас веќе не ни гласаат, други го оставаат ливчето празно, и оние кои се уште гласаат тоа го прават по навика, со тага и гнев.
Се чувствуваме заробени од политичкиот систем кој не не почитува, не не слуша, и од неодамна, дури и не згадува со разните лудости, одрекувања, ветувања кои никогаш не се остваруваат, лаги, предавства и нехуманост.
Ние сме многу.
Сите сме различни.
Не се согласуваме за се. И таму е нашето богатство. Нашите животни искуства ни покажуваат дека постојат повеќе начини да се постигнат видливи резултати.
Ние сакаме да искусуваме, чекор по чекор.
Ние сме во движење. Ние прекинавме да гледаме нагоре барајќи надеж. Нема што повеќе да се очекува од оние кои се на власт. Го признаваме неуспехот со ова, и ова го велиме без омраза или лутина.

После се, неуспесите се нижат еден по друг бидејќи законите се стари и со векови — тие веќе не се соодветни.
Ние не сакаме повеќе да потпишуваме бланко чекови на политичките партии. Ние ќе создадеме политички предлог кој соодветствува на светот кој го моделираме ден по ден — слободен, поврзан, кооперативен, меѓузависен и практичен.

Движењето Ma Voix привлече повеќе од 3.000 членови во првите неколку дена, и групата редовно се состанува во повеќе француски градови (неодамна во Нант и Парис).

Проектот The Voxe.org

"Nous aimerions que le pourcentage d'abstention  chez les 18 à 25 ans baissent à 10 % en 2017" Via Projet Voxe.org

Скриншот од видео во кое се објаснува проектот Voxe.org

На нивната веб страна, проектот Voxe.org предлага јасна изјава за демократијата и решението кое тие го предлагаат:

7 français sur 10 considèrent que la démocratie ne fonctionne pas très bien.
Notre programme : permettre aux citoyens d’avoir un impact sur la politique de leur pays.

7 од 10 Французи мислат дека демократијата не функционира.
Нашата програма им овозможува на граѓаните да имаат влијание на политиките во нивната држава.

Во Јутјуб видео, претседателот и ко-основачот на Voxe.org, Léonore de Roquefeuil (Леонор де Рокфеуил, објаснува дека проектот „има за цел да обезбеди неутрални и јасни информации за политиките со цел да се олесни вклученоста на граѓаните во политиката”. Покрај популарниот песимизам за француската демократија, „8 од 10 Французи велат дека се заинтересирани за политика и јавна дебата”, вели таа:

Тимот на Voxe.org објаснува во детали како тие имаат намера да им го вратат гласот на граѓаните со помош на дигиталните технологии:

Face à une abstention sans cesse croissante – notamment auprès des plus jeunes – Voxe accompagne depuis 2012 les internautes, pour rendre la politique plus lisible…. Notre plateforme neutre de comparaison de programme politiques est un outil de transparence, accessible depuis www.voxe.org. En 3 clics, elle a déjà permis à plus de 3 millions de citoyens de 12 pays de comparer les propositions des candidats:
aux élections sur différents thèmes. Nous proposons:
1. Une information neutre et objective à partir de la data accessible librement
2. Un vote pour ou contre le projet
3. Un accès à des pistes d’engagement telles que la signature d’une pétition, l’engagement dans une association, ou le contact du/des politique(s) concerné(s).

Соочени со апстиненцијата која е во пораст — особено помеѓу помладите — Voxe уште од 2012, ги води корисниците на интернетот во полесно разбирање на политиката…. Нашата неутрална платформа за споредба на политички агенции е алатка за транспарентност до која лесно се пристапува www.voxe.org. Со три кликови, таа веќе овозможи на повеќе од 3 милиони граѓани од 12 земји да ги споредуваат предлозите на изборните кандидати за повеќе теми. Ние нудиме:
1. Неутрална и објективна информација базирана на јавно достапни податоци.
2. Глас за или против проектот.
3. Начини на кои може да се инволвирате како што е потпишување петиција, вклучување во некоја асоцијација, или контакти со политичарот или соодветните политичари.

Постојат и други граѓански иницијативи кои се обидуваат да ја подобрат демократијата во Франција, како што се Démocratie Ouverte (Отворена Демократија) и Let me Vote (Дозволи ми да гласам) проектите од Européens Sans Frontières (Европјани без граници). Со оглед на дискурсот кој е ставен на повторување, се чини дека овие проекти имаат уште многу што да направат додека демократијата во Франција се врати на вистинскиот пат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.