Мароканска моторизирана поворка на кралот прегази пешак

Мароканците споделуваат линкови до видео на кое се прикажува возило кое е дел од кралската моторизирана поворка која го придружува мароканскиот Крал Мухамед VI како прегазува човек во Танџиер за време на посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Самиа Еразоуки твитна:

Видео снимка која прикажува како кралската придружба прегази човек во Танџиер за време на посетата на Франсоа Оланд https://t.co/1qwEy8fSBL

— Самиа Еразоуки (@charquaouia) 21 септември, 2015

Оланд беше во Мароко на дводневна посета и беше пречекан од мароканскиот Крал Мухамед VI во саботата. Видеото прикажува како возило од придружбата со отворени врати прегазува набљудувач само моменти по поминувањето на Кралот и неговите гости. Толпата која мафта и навива одеднаш почнува да вреска.

Видеото беше прикачено од Tanja7.com на Јутјуб и досега е прегледано повеќе од 31,000 пати.

Не е јасно што се случи со набљудувачот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.