Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Филипини: Уапсена поранешната претседателка

Драматичниот обид за бегство од државата на поранешната филипинска претседателка и моментална конгресменка Глорија Макапагал – Аројо предизвика јавно негодување на Твитер и на другите социјални мрежи.

Во изминативе неколку дена Аројо и нејзиниот сопруг Хозе Мигел Аројо имаа неколку обиди да ја напуштат државата, тврдејќи дека таа само бара медицинска помош во странство. Овие обиди беа спречени наводно, поради тоа што Аројови беа под истрага за грабеж, прекршување на човековите права и поради неправилности поврзани со изборниот процес за време на нејзиниот претседателски мандат. Аројо беше претседателка од 2001 год. до 2010 год.

Неуспехот на владата на Нојној Акино да ја тужи Аројо за повеќе од 500 дена владеење, се смета за главен виновник за речиси успешниот обид на поранешната претседателка да ја напушти државата.

Издаден е налог за апсење поради „саботажа на избори“ против Аројо веднаш по одлуката на Врховниот суд на Филипините дека таа смее да патува во странство поради тоа што нема обвинение против неа. Еве неколку од коментарите на Твитер:

@teddycasino: Со неизмерна радост го поздравуваме издавањето на налогот за апсење на ГМА. Уште од 2005 год. се обидуваме да ја натераме да превземе одговорност за нејзиното мамење, крадење и лажење. Ова е само потврда за нашите напори. Но,случајот само што започна. Ни претстои тешка легална борба и уште многу случаи кои треба да се поднесат до судот. Им благодариме на КОМЕЛЕК (COMELEC), СЗП (DOJ) и Пасај РТЦ (Pasay RTC) за нивното брзо и одлучувачко дејствување. (авторска белешка: КОМЕЛЕК е изборна агенција, а СЗП е сектор за правда)

@hgcastillo: Се прашувам како се чувствува ГМА во моментот…

@KikoHubilla: ГМА се обидува да ја напушти државата за да ги одбегне сите обвиненија против неа.

@gibbscadiz: исходот беше добар – аројо обвинета – но, да се дојде до таму беше ад хок, неспособно, аматерски; ништо со што би можеле да се гордееме.

@monsieurearl: Ikulong na yan si GMA! Walang awa awa!

@monsieurearl: ГМА треба да биде затворена! Без милост!

@NielZapanta: Кога и да има флеш вести за #arroyoarrest (апсењето Аројо), тоа личи на сапунска опера. Гледајте што ќе се случи во следната епизода….

@NielZapanta: Whenever there's a flash news about #arroyoarrest, it looks like a soap opera. Watch out for the next episode…

@w3ncy: #itlognitopacio поштеден од попладневниот развој на апсењето на ГМА.

@carloshconde: Денес не беше политичка волја на дело. Тоа беше очај, без владата да биде потполно свесна дека ги чека пекол доколку Аројо успее да им избега.

Хаштагот #ArroyoArrest беше тренд на Твитер во светски рамки, откако во петокот вечерта на Аројо и беше врачен налогот за апсење. Хаштагот #itlognitopacio исто така се рашири веднаш по изјавата на правниот застапник на Аројови, Фердинанд Топацио, дека ќе му биде отстранет еден од тестисите доколку Аројови не се вратат од странство.

Искористената сликичка е од Твитпик страната на @HecklerForever. Фотографијата е од телевизискиот репортер Јове Франциско.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.